Братислава во ноември (авионски)

Братислава е главен град на Словачка и е најголем град во републиката. Братислава се наоѓа на југозападниот дел на државата поставен долж двата брега на реката Дунав до границата со Австрија и Унгарија. Поради неговата местоположба и блискоста со австриската и унгарската граница, тој е единствен град во светот кој граничи со две независни држави. Опкружена е со винови лози и малите Карпати, прекриени со пошумени пешачки и велосипедски патеки.

Братислава

Опкружена е со винови лози и малите Карпати, прекриени со пошумени пешачки и велосипедски патеки. Градот уште од 18 век е познат по своите живи барови и кафулиња. На врвот на ридот се наоѓа реконструираниот замок кој дава прекрасен поглед на стариот град и на реката Дунав. Постојат многу градови во Европа, но само некои имаат единствена атмосфера што ќе ја сетите. Братислава, која силно веруваме, е една од нив и навистина вреди да се доживее.

 

Предлог програма: 25.11-28.11.2018
Ден 1

Пристигнување, индивидуален трансфер до Братислава. Препорачуваме прошетка низ Стариот град: Националниот театар, палатата Примата, Старата градска општина и плоштадот Хлавно наместје, Михалска Порта, концертната сала Редута, палатата Палфи, Претседателската палата, Катедралата Св.Мартин, Сината Црква, Црквата Св.Тројца… Ноќевање.

Ден 2

Предлагаме посета на палатата Грасaлкович, позната како и “Белата Куќа на Словачка“. Позади резиденцијата на претседателот се наоѓа градината изградена во француски стил, прекрасно место за одмор и релаксација. Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Ноќевање.

Ден 3

Слободно време за посета на Синагогата во Братислава, посета на еден од највпечатливите ресторани и барови УФО кој се наоѓа на Нови Мост, препорачуваме пауза за ручек или коктел пауза во барот…

Ден 4

Индивидуален трансфер до аеродром. Препорачуваме да бидете на аеродром 2 часа пред летот.

 

Цена од:  140 еур ( 8.680 мкд)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Авионски превоз Скопје-Братислава-Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Бесплатна рачна торба  до 8кг со димензии (40x30x20 cm)
  • Хотел со 2* -услуга 3 ноќевања со појадок (Предлог хотел Viktor 2* на 2,7 км од центарот)

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Трансфер од/до аеродром-хотел (информативно: 1 еур редовна автобуска линија; 20-25 еур такси)
  • Патничко осигурување

 

Летови: Среда, Петок и Недела

Скопје-Братислава  13:30-15:00

Братислава-Скопје  15:30-17:00

**Цената зависи од моментално расположливи места во авио компанијата и хотелите.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ АВИОНСКИ ПОНУДИ ТУКА