Берлин за денот на вљубените

Берлин, најголемиот и главниот град на Германија, нуди прекрасна комбинација на историја, ноќен живот, архитектура и култура. Берлин има скромни почетоци, но заедно со времето прераснува во европска веле сила и по риунифицирањето во 1990 г. станува динамичен, креативен, вистински град метропола. Берлин истовремено е познат како еден од најзелените градови во Европа, над 60 % од неговата површина се паркови и реки. Создадете ги вашите нови спомени, токму тука.

БЕРЛИН

Берлин за денот на вљубените, лесна пристапна дестинација со многу уметнички вибрации, претставува совршен избор на модерните љубовници. Ви ја препорачуваме оваа европска дестинација и поминете неколку незаборавни денови за празникот на вљубените.

 

Предлог програма: Дата: 11.02-15.02.2019

1 ден:  Ви предлагаме разглед на градот и посета на Меморијалната црква, Новата национална галерија, Филхармонијата, плоштадот Потсдам, Сони центарот, плоштадот Александар плац, Градската куќа, Катедралата, Операта, Брандербушката порта, Рајхстагот, остатоците од Берлинскиот сид.

 

2 ден:  Посетете го Потсдам, еден од најубавите и најзелените градови во Германија, а воедно и главен град на Брандербург. Посета на прускиот дворец Сансуси, некогашната летна резиденција на кралот Фридрих Велики.

За шопинг не ја пропуштајте најголемата европска стоковна куќа на 8 ката-KaDeWe.

 

3 ден:  Прошетка до островот музеј, комплекс од неколку музеи, меќу кои и Паргамон со непроценливата збирка на антиквитети. Побарајте го култното кафуле Berliner Kaffeerosterei и пробајте ја популарната германска “кафе и торта”.

 

4 ден:  Предлагаме да направите разглед на стариот дел на градот. Во вечерните часови прославете го Св.Валентин со романтична вечера.

 

5 ден:  Слободно време. Индивидуален трансфер до аеродром. Предлагаме да бидете на аеродром два часа пред летот.

 

Цена од:  185 еур (11.470 мкд)

 

Во цената на аранжманот Берлин за денот на вљубените е вклучено:
  • Авионски превоз Скопје-Берлин-Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Бесплатна рачна торба  до 8кг со димензии (40x30x20 cm)
  • Хотел со 3* -услуга 4 ноќевања со појадок (предлог Novum Hotel Aldea Berlin Zentrum 3* на 4км од центарот)

 

Во цената на аранжманот Берлин за денот на вљубените не е вклучено:
  • Трансфер од/до аеродром-хотел (информативно: 6 еур шатл бус; 30 еур такси)
  • Туристичка такса (3-4 еур на ден, се плаќа локално)
  • Патничко осигурување

 

Летови: Понеделник и Петок
  • Скопје-Берлин Schoenefeld   06:00-08:35
  • Берлин Schoenefeld -Скопје  09:10-11:30
**Цената зависи од моментално расположливи места во авио компанијата и хотелите

 

Погледнете ги и останатите наши понуди на следниов линк

 

Берлин Берлин Берлин Берлин Берлин Берлин