Белград 8ми Март 2019

Занимливо е да споменеме дека еден од најпознатите светски туристички водичи Lonely Planet, ја објави листата на светски градови по разновидноста и понудите за ноќен живот и забава, каде несомнено на првото место на светско ниво е рангиран токму Белград. Приматот го носи токму поради рестораните, баровите и клубовите како и добро познатите сплавови на реките Дунав и Сава, и би рекле секако поради ентузијастичкото домашно население кое придонесува за пријатна атмосфера и добра забава.

Белград 8ми Март  

Цена по лице : 6.140 ден.

1 ден  08.03.2019 Скопје – Белград

Состанок на групата. Патувањето води преку граничен премин Табановце со царински формалности и попатни планирани паузи. Пристигнување во Белград во предпладневните часови. Разглед на Белград со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Војниот музеј, Споменикот на победникот и Панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во реката Дунав. Сместување во хотел ‘Royal Inn 4*http://royalinn.rs/ на идеална локација во срцето на градот. Слободно време за одмор и индивидуални активности во вечерните часови .Ноќевање.

2 ден 09.03.2019 Белград

Појадок. После појадокот следува посета на еден од шопинг центрите Delta City или посета на шопинг центар Ушќе – слободно време за шопинг... слободно време за ручек и индивидуални активности .Во попладневните часови слободно време за индивидуални прошетки и активности  низ најпознатите улици во  Белград –  Кнез Михајлова и Теразије. Факултативна вечера на Скадарлија со музика. Ноќевање.

3 ден 10.03.2019 Белград- Нови Сад – Скопје

Појадок. Одјавување од хотелот. Посета на црквата Св.Сава. Ден за прошетка низ Белград или можност за факултативен излет до Нови Сад. Нови Сад  е центар на српската култура уште познат и по прекарот Српска Атина. Посета на Петроварадинската Тврдина, катедралата, прошетка низ стариот дел на градот. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Македонија во попладневните часови со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Сместување на база 2 ноќевање со појадок во хотел,,ROYAL INN” 4*
  • Разглед  на Белград со локален туристички водич

Водство, организација и реализација на програмата со лиценциран придружник 

  • Во цената НЕ е вклучено:
  • Патничко осигурување (задолжително)
  • Факултативна вечера во ресторан на Скадарлија – 25 евра ( минимум 35 лица-  пријавување при резервација на аранжманот)  
  • Туристичка такса 1.10 евра дневно (задолжително)
  • Факултативна посета на Нови Сад – 12 € ( минимум 35 лица – пријавување при резервација на аранжманот)
  • Влезници за културно-историските споменици

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на програмата потребен е минимален број од 40 патници, во спротивно агенцијата го задржува правото на измена на цената или аранжманот да го сторнира, со известување на патниците минимум 7 дена пред датата на поаѓање, со што агенцијата не сноси никаква одговорност..
    Агенцијата не е надлежна да ја цени исправноста на патните документи на патниците….
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • За ова патување важат Општите услови за патување на СКТМ во согласност со Законот затуристичка дејност и Законот за облигациони односи на Република Македонија.
    Аранжманот може да претрпи промени во зависност од условите. 
Погледнете ги останатите наши понуди за 8ми март на следниот ЛИНК