Амстердам во февруари (авионски)

АМСТЕРДАМ – град со карактеристичка холандска архиктетура, канали, бродчиња и мостови, град со боемски дух и неверојатна атмосфера. На прв поглед ќе имате впечаток дека во Амстердам времето е застанато во седумнаесетиот век, кој е познат по златниот период на холандската култура, но веќе на втор поглед ќе сватите зошто милиони млади сакаат во Амстердам “град во кој скоро се е дозволено”. Многу европски престолнини изобилуваат со историски знаменитости, но она по што е Амстердам е посебен е тоа што скоро секоја градба во центарот, во исто време е културен споменик и живеалиште. Амстердам во исто време е музеј на отворено, ризница на значајни објекти и споменик под отворено небо, но и модерна европска престолнина. Red light district и познатите “Coffe shop”, исто така не треба да се пропуштат, како од едни од атракциите на боемскиот Амстердам. Амстердам без сомневање ќе Ви ги исполни сите ваши очекувања: од уживање во преубавите, необични амстердамски пејзажи до одличниот шопинг, но и врвниот ноќен живот.

Амстердам

Амстердам- град со посебна харизма и привлечност. Златното доба на холандската култура се чувствува во секој дел од овој град. Ги спојува минатото и сегашноста, така што во одреден момент можете да го почувствувате духот на седумнаесеттиот век. Од прошетката во повеќето музеи, шопинг центрите, до возењето по каналите, вашето време ќе биде квалитетно пополноте.

 

Предлог програма: 15.02-18.02.2019
Ден 1

Слетување на аеродромот во Ајндховен и приватен трансфер до хотел. Ви препорачуваме пешачка прошетка или велосипедиска тура со посета на стариот дел од градот, главниот плоштад Дам, кралската палата, музејот Мадам Тисо, плоштадот Рембрант и статуата на познатиот сликар, куќата на Ана Франк.

Ден 2

Препорачуваме да го посетите музејскиот кварт со познатите музеи-Градскиот музеј, Музејот на Ван Гог и Рејксмузејот, посветен на уметноста и историјата на градот Амстердам.

Во вечерните часови ви препорачуваме возење со брод по каналите, каде што може да ги доживеете боите на градот и да видите дел од мостовите по кои е позната Холандија.

Ден 3

Препорачуваме посета на пловечкиот цветен пазар и кафе пауза во една од познатите кафетерии Brown Coffe, велат дека мора да се напиете едно кафе за да се почувствувате како вистински Холанѓанец или пак посетете ја фабриката за дијаманти Coster.

Ден 4

Одјавување од хотел. Индивидуален трансфер до аеродромот во Ајндховен. Препорачуваме да бидете на аеродром два часа пред летот.

 

Цена од:  205 еур  (12.710 мкд)

 

Во цената е вклучено:
  • Авионски превоз Скопје-Aјндховен-Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Бесплатна рачна торба  до 8кг со димензии (40x30x20 cm)
  • Хотел со 3*/4* – 3 ноќевања/RO (Предлог хотел West Side Inn 3* на 4км од центарот)

 

Во цената не е вклучено:
  • Трансфер од/до аеродром-хотел (информативно: 24 € автобус во еден правец-40 € повратен билет; 24 € -воз; 140 € такси)
  • Патничко осигурување

 

Летови: Понеделник и Петок

Скопје-Ајндховен  12:10-15:00

Ајндховен-Скопје  15:35-18:15

**Цената зависи од моментално расположливи места во авио компанијата и хотелите

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ АВИОНСКИ ПОНУДИ ТУКА