СКИАТОС

Скиатос, еден од најпопуларните острови на Грција. Познат е по златните плажи, зеленилото  и живописната природа. Овој остров е за сечиј вкус, омилена дестинација за младите кои сакаат луд и незаборавен одмор, но и за семејствата кои имаат избор на мирни плажи за вистински одмор. Најпопуларните плажи се наоѓа на јужната страна на островот.

КУКУНАРИЕС

една од најпознатите плажи на Скиатос, се наоѓа на јужната страна на островот.Плажата е пространа и овде секој може да ужива на свој начин. Може во бројните барови да се напиете кафе или пиво или да се опуштите на лежалка со некоја книга. За љубителите на водни спортови има можност адреналински да го поминат денот. А секако имате и помирен дел каде што може да уживате во интимна атмосфера.

 ЛАЛАРИА

исто во групата на најубави плажи на Скиатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина.  Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок.

БАНАНА

Веќе ви спомнав дека овој остров е идеален за млади, љубители на денска и ноќна журка. Плажата БАНАНА е идеално место за младите посетители и секако за сите со млад дух.  Овде имате Dj од пладне до полноќ. Журката е во полн ек уште во поладневните часови и трае со исто темпо до полноќ. Море, музика, пијачка, млади и разиграни луѓе, што повеќе може да посакате. Ова место навистина ќе ви се допадне и нема да ви здосади дури и секој ден од вашиот одмор да бидете тука. Секако ова не е класичен одмор, вака малку ќе се заморите, но кога ќе се вратите ќе спиете дома, може нели?!

Доколку ова ве привлече да го посетите островот Скиатос ова лето, погледнете ја нашата понуда на следниот линк http://bit.ly/2kvkJgM