Колосеумот е една од најпосетуваните атракции во светот. Од моментот кога бил создаден како Флавијев амфитеатар, станува симбол на градот Рим и тој статус го задржува до денеска, 2000 години по неговта изградба. Додаден е на листата на УНЕСКО за Светско културно настедство, а се наоѓа и на листата на 7-те светски чуда.

Во амфитеатарот се одржувале борбите на гладијаторите но и симулации на поморски битки, поради што Колосеумот бил исполнет со вода. Можел да прими 50.000 гледачи, кои на трибините седеле и биле одвоени според статусот во општеството. Секако најдобрите места му припаѓале на царот, потоа сенаторите кои седеле во првите редови и така се до врвот, каде што седел обичниот народ. Колкава е важноста на оваа римска знаменитост, најдобро зборува и цитатот на црковниот историчат Св.Бид-”Додека стои Колосеумот, ќе стои и Рим, кога Колосеумот ќе падне, ќе падне и Рим, кога ќе падне Рим ќе падне и целиот свет”.

Ватикан – градот на Папата секогаш бил завиткан во таинственост и мистичност. Затоа што е потешко да се влезе зад неговите ѕидини, освен на плоштадот Свети Петар и во Ватиканските музеи, кои се достапни за сите.

Ватикан или обично познат под името Ватикански град, е најмала независна држава на светот и по површина и по населени. Површината на Ватикан изнесув 44 хектари. Преку ден е полн со народ – тука доаѓаат милиони туристи, луѓе кои сакаат да се покрстат или оженат во некоја од црквите. Но ,навечер остануваат само малкуте жители. Реално, малкумина се оние кои живеат во Ватикан, освен Папата, кардиналите, епископите и свештениците. Односно оние од редовите на мирјаните – обичните граѓани. Најмногубројни се членовите на швајцарската гарда – тоа се војници облечено во црвено, кои го обезбедуваат папата веќе со векови.  

Ова е само дел, од причините зошто Рим да биде на вашата листа на места за посета.  Доколку сеуште го немате посетено не треба да размислувате. 

Погледнете ја нашата програма на следниот ЛИНК и искористете ги слободните денови за Велигден токму во овој град што плени и  ќе ве натера да се вљубите во него и повторно да се вратите.