Честопати кога патуваме, се одлучуваме да користиме автомобил поради можноста да застанеме каде сакаме, и да бидеме слободни, да тргнеме кога сакаме и стигнеме кога сакаме. Авионот пак го одбираме за да поминеме илијадници километри само за неколку часа. Кога ќе се спомне патување со автобус кое трае од 8 до 24 часа, неколкупати се размислува дали да се тргне на толку долг пат до конечната дестинација, но нема да погрешите во никој случај. Се прашувате Зошто? Во продолжение ви покажуваме неколку предности за вашето патување со автобус:

1. Попатно разгледување

Додека патувате со авион, единственото нешто што се гледа низ малиот прозор се небото и облаците. Прозорците на автобусот се како еден огромен плазма телевизор кој ви овозможува да видите огромен број на пејсажи, мали и интересни попатни населби, села, шуми, реки и безброј слики по кои ќе го паметите патувањето.

2. Ширење на познанства

Патувањата со автобус се секогаш во група, движењето низ градовите, спиењето во хотелот, паузите и забавите придонесува да запознаете луѓе со кои ќе го делите ова искуство. Во многу случаеви, запознавате луѓе со кои ќе се дружите цел живот, и секако ќе имате огромен број на фотографии и добри сеќавања.

3. Не е важно каков куфер имате

За разлика од патувањата со авион, автобусот ви ја нуди таа можност да понесете со себе каков куфер и да посакате, без разлика дали е 10 или 50 килограми, и секако ранец кој ќе го сместите горе со вас.

4. Оброци и пијалоци

Имате можност во кое било време од патувањето да изедете сендвич или да се напиете некаков пијалок, без никој да ви каже дека морате да седите на вашето место додека не се исклучи сијаличката со знакот за врзување појас.

5. Забава во автобус

Секогаш, во секое патување персоналот на автобусот, возачите и водичите секогаш се тука да го направат патувањето забавно, секогаш со добра музика, добро расположение. Патувањата скоро секогаш се претвораат во караоке забава.