10 најубави плажи на КРИТ

1.Balos Beach

Balos Chania е меѓу најдобрите и една од најубавите плажи на Крит која се наоѓа на 60 километри северо-западно од градот Chania. Balos има бел песок и кристално бистра вода. Од спротивната страна на плажата се наоѓа карпестиот остров наречен Gramvoussa, а на врвот на овој остров се наоѓа венецијански замок од каде што има прекрасен поглед на регионот и морето. До оваа плажа може да се пристигне пеку патот од Каливиани, село во близина на Кисамос. Овој пат е околу 10 километри и може да се помине со автомобил. Инаку, посетителите можат да дојдат на оваа плажа со брод од Кисамос.

  

2.Elafonisi Beach

Elafonisi Chania е мало островче поврзан со остатокот на Крит со плиток гребен кој може да се помине кога морето е мирно. Овој остров се наоѓа 82 километри северозападно од градот Ханија и може да се пристигне со брод од Paleohora или со автомобил од селото Vathi, до одредено место, а потоа мора да се премине преку гребенот. Elafonisi (Островот Елен) е како рај на земјата, и има прекрасна плажа со розов корален песок и кристална вода. Ова магично место било напуштено долго време, но сега тоа станува се повеќе популарно и може да се добие прилично полно за време на високата летната сезона. Само неколку барчиња може да се најдат во близина. Плажа на која нема сместувачки капацитети, но кампување е дозволено.

  

3.Vai Beach

Прекрасната плажа Vai позната како Palm Forest, се наоѓа на 25 километри источно од Ситиа и 94 километри источно од градот Агиос Николаос.Тоа е единствената пириродно дива шумичка од палми во Грција, која се протега на површина од 250 квадратни километри и се состои од 5000 палми, што ја прави најголемата шума од палми во Европа. Пред оваа уникатена шума се протегаат километри на чист златен песок и азурно море. Магијата и тропскиот аспект на местото привлекува илјадници посетители за време на сезона. Главниот влез на плажа е отворен од изгрејсонце до зајдисонце но за да се избегнат пожарите кампување е забрането. Снек барови и кафулиња може да се најдат на оваа плажа.

 

4.Falassarna Beach

Falassarna е една од најдобрите плажи на Крит наоѓа во близина на селото Platanos и 58 километри западно од градот Ханија. Се состои од чист и мек златен песок и неверојатно чиста и тиркизна вода. Неколку чадори и лежалки можат да се најдат по плажата. Falassarna е навистина идилично и тивко место и е прогласено за едена од најчистите плажи во Грција. Во текот на ветровити денови оваа плажа е подобро да се избегне. Од плажата погледот е неверојатен и зајдисонцата се навистина магични. Само неколку капацитети за сместување и таверни може да се најдат во околината на ова место.

  

5.Preveli Beach

Плажа Preveli се наоѓа 40 километри јужно од главниот град и е најидиличната плажа во Rethymno. Preveli потсетува на егзотична лагуна. Тоа е оаза од палми со кристалена зеленкаста вода и фино мек песок. Реката Kourtaliotis завршува на оваа прекрасна плажа, создавајќи делта. Овие прекрасни палми, бујната вегетација која ја опкружува плажата и реката, создаваат еден пејзаж од соништата. Поради екстремната убавина, на плажата Preveli доаѓаат многу луѓе за време на сезона. До ова прекрасно место може да се пристигне пеш од паркингот кој е во близина на Preveli манастирот или со рибарски бродови кои редовно тргнуваате од Plakias и Agia Galini.

 

6.Matala Beach

Matala е една од најпознатите плажи на Крит па и во Грција, се наоѓа 67 км југозападно од градот Хераклион. Tаа е долга 300 метри, со светло златен песок, бамбусови чадори и лежалки достапни за изнајмување. На десната страна на плажата се познатите и импресивни карпи со заоблени пештери кои хипиците ги користеле како засолниште во 1960-тите. Подеднакво важен е фактот дека плажа всушност е населена уште од античко време и токму локалните жители ги ископале овие пештери во карпите. Денес, праисториските пештери се оградени. Matala порано било рибарско село, а денес локалното население главно се занимава со туризам. Тој нуди бројни сместување и модерни објекти. Постои место за кампинг и многу рибни таверни.

7.Rodakino Beach

Малото село Rodakino (праска) се наоѓа 43 километри јужно од градот Rethymno и во близина на селото Plakias. Тоа е идеално место за релаксација. Сите плажи тука се прилично изолирани без други објекти и други погодности. Сите тие се многу изолирани, не-организирани и нудат тивка и мирна атмосфера. Други мали затскриени плажи може да се најдат покрај патот кој ги поврзува Rodakino и Plakias.

  

8.Plakias Beach

Плажа Plakias се наоѓа на 40 километри јужно од градот Rethymno. Тоа е една убава песочна плажа со прекрасни чисти води и целосно организирана инфраструктура, како и лежалки, чадори, разни спортови на вода, хотели, соби за изнајмување, таверни, кафулиња и ресторани. Во близина гостите ќе можнат да најдат сместување и секаков вид на забава.

  

9.Tymbaki Beach

Tymbaki е мала плажа со камчиња на брегот на околу 70 километри југозападно од Хераклион и прилично блиску до селото Tymbaki. Плажата е исто така позната како Kokkinos Pyrgos. Постои мало пристаниште од страна на плажата каде се усидруваат бродовите. Плажа Tymbaki не е толку популарна како плажите Matala и Агиа Galini кои се наоѓаат во близина. Таа обично е погодена од силни ветрови, големи бранови, при што е добра за водни спортови. Плажата не е организирана, но таа е многу тивка и чиста. Многу сместувачки капацитети се наоѓаат во близина на плажата и некои традиционални таверни.

  

10.Istro Beach

Во крајбрежниот пат јужно од Агиос Николаос има пет до шест плажи на кои се со сини води, од Агиос Николаос да Мохлос. Една од нив е Istro (Истро) која се наоѓа 12 километри јужно од Агиос Николаос градот, на патот кон Ierapetra. Кристално јасни сини води и бел песок се две од главните карактеристики кои ја направија оваа плажа толку популарна. Таа е опкружена со зелени падини покриени со огромна вегетација која создава еден магичен предел и една прекрасна боја. Постојат различни објекти, како лежалки и чадори, како кантини за храна и пијалок. Исто така, посетителот ќе најде многу таверни на кои специјалитет им е Критската кујна и свежата морска храна. Плажа Истро е мирена и идеалена за релаксација.

Погледнете ја нашата понуда за Крит и посетете ги овие прекрасни плажи што го одземаат здивот ЛИНК