Во моментов поради новонастанатата ситуација, одложени и откажани се сите патувања со цел да се спречи ширењето на новиот вирус Covid-19. Како дел од мерките, Властите препорачуваат да не се патува и да се остане во својот дом. Па така, додека седиме дома и ги почитуваме мерките и препораките за заштита на нашето и здравјето на останатите, STAFF Travel Agency за Вас издвои неколку работи кои може да ги направите од дома, како виртуелни патувања, виртуелни посети на разни знаменитости и атракции и сл.

Засега, желбата за патување задоволете ја со незаборавните виртуелните патувања и посети кои можете да ги направите од Вашиот дом, а ние се гледаме на следното идно патување.

  1. Разгледајте ја уметноста на светските познати музеи

STAFF Travel Agency веќе издвои листа на музеи кои нудат виртуелни патувања и во кои можете да уживате од Вашиот дом. За сите оние кои до сега не ги посетија музеите, виртуелно прошетајте ги нивните ходници и разгледајте ја непроценливата уметност тука.

2. Повозете се во магичниот Дизниленд

Иако во моментов познатите паркови како Дизниленд се затворени, тоа не значи дека не можете виртуелно да уживате во нивната магична атмосфера. Израдувајте ги Вашите деца со прошетка на парковите Дизниленд низ светот тука.

3. Посетете ги преубавите ботанички градини

За љубителите на природа и цвеќиња издвоивме ботаничка градина која можете да ја посетите виртуелно и да уживате во прекрасните бои и растителни експонати. Ботаничката градина посетете ја тука.

4. Истражете разни атракции и паркови

Посетете ги националните паркови и атракции како статуата на слободата, големиот кањон, островот Алкатраз и слично, виртуелно и без чекање во редови. Изберете кој национален парк и која атракција ќе ја посетите тука.

  • 5. Започнете онлајн курс за уметност

Неколку универзитети нудат бесплатни онлајн курсеви по уметност. Изберете го Вашиот курс и истражете ја културата на одредена позната локација или знаменитост тука.

6. Слушајте виртуелни концерти

Иако сите концерти се откажани поради моменталната ситуација, за вас издвоивме листа на виртуелни џез настапи, електронски фестивали, класични концерти и многу повеќе. Листата погледнете ја тука.

7. Прегледајте ги најдобрите филмови за патување

За крај, иако во моментов не можете да уживате во патувањето, Ви препорачуваме листа на филмови преку кои виртуелно ќе отпатувате на разни дестинации низ светот. Испукајте пуканки, заземете удобна позиција и изберете го Вашиот филм тука.