Париз, Франција

ПаризПариз  градот на светлината со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на Светот. На овој град може да му се дадат и повеќе епитети: градот на љубовта, градот на страста, виното, печивата, уметност, градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен. Просто е невозможно да не се заљубите во овој град, каде преовладува стилот, каде рестораните и ноќниот живот ветуваат уживање.

 

paris-opera-%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%b8%d0%b7Богатата култура, опера и театри како што е  Опера Гарние изградена во 19 век, исто така и модерната Опера Бастилја. Во 19 век постоеле и други оперски куќи како Опера на комиката, и театарот Лирик, којшто денес е познат како Градски Театар.

 

Париз

 

 

 

Театрите традиционално заземаат значајно место во културата на Париз, а тоа и денес е случај. Некои од главните театри во градот се Бобино, театрите Магадор и Гете-Монпарнез. Многумина од француските музички легенди својата слава ја стекнале во париските концертни сали, како Едит Пјаф, Морис Шевалије, Шарл Азнавур и многу други.

ПаризПариз е и главен центар на уметниците. Тука твореле: Стравински, Пикасо,  Хемингвеј и многу други познати уметници од целиот свет. Историја, неговата архитектура како и развиениот туризам, придонесуваат тој да е еден од најубавите градови во светот. Неговите знаменитости секогаш ќе го издвојуваат од сите останатите, правејќи го одлична дестинација по која сите мечтаат.

ТУРИСТИЧКИ АТРАКЦИИ

Наоѓајќи се на бреговите на реката Сена, Париз, е прекрасен космополитски град, чие влијание врз политиката, образованието, забавата, модата и уметноста се чувствува во целиот свет.

Големиот број на споменици изградени за да ја величаат славата на Франција, сведочат за нејзината богата историја и го прават Париз една од најпосакуваните туристички дестинации. Покрај тоа, 12-те милиони парижани, кои се доселени од целиот свет, го прават овој град една од најголемите мултикултурни средини во светот.

ПаризГрадот препознатлив по Ајфеловата кула, Лувр, Версај, Нотр Дам,Триумфалната порта, Светото Срце…А што треба да направите додека сте во Париз? Хмм… Нема да се смета дека сте биле во Париз доколку не се качите на Ајфеловата кула (и дење и ноќе). Ако не сте крстареле и одмарале покрај Сена, не сте ја посетиле Нотр Дам, Триумфалната капија, Лувр, операта Гарние, Версај… Ако не сте се напиле пиво на скалилата пред црквата „Светото срце“.

Изодете пешки барем 20 тина километри уживајќи во душата на градот, напијте се  вино и сиренце во близина на Мулен Руж…

Град кој навистина вреди да се доживее, град кој навистина вреди да се искуси.

Посетете го Париз.

А за крај , сакаме сите заедно да уживаме во една прекрасна француска шансона…

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НАШАТА ПОНУДА ЗА ПАРИЗ ТУКА