SUNRISE SELECT ROYAL MAKADI 5* Хотелот е лоциран во областа Makadi на 21км од аеродромот  и на 26км од центарот на Хургада. Хотелот на своите гости им нуди луксузен одмор со модерно опремени соби со големи балкони со панорамски поглед на Црвеното море. Хотелот има своја приватна песочна плажа со лежалки и чадори за сонце. […]

Хотелот Beach Albatros Hurghada е луксузен хотел кој им овозможува на гостите да одморат од секојдневието, да уживаат и да се релаксираат во волшебствата на Црвеното море и топлото време. Хотелот со 4* кој наликува на аквариум се наоѓа на сама плажа и е опкружен со градини полни со зеленило, прекрасни базени, кристално сино море и поглед кој воодушевува и смирува. Оддалечен е само 15 минути возење од аеродромот во Хургада и 20 минути од центарот на градот. Хотелот им овозможува на гостите да уживаат во водените спортови и совршен е за сурфање. Неговата долга плажа е идеална за долги вечерни и утрински прошетки.

Long Beach Hotel e kомфорeн хотел, се наоѓа на својата песочна плажа, но поради големината на хотелot, некои делови се различно оддалечени од плажата. Лоциран е на 14 километри јужно од аеродромот и 30 километри од Хургада кон Сафаги.

Хотелот се наоѓа во јужниот дел на градот, оддалечен 13км од центарот на градот и 10км од аеродромот во Хургада. Во близина на хотелот се наоѓа трговскиот центар Senzo mall. Хотелот има своја приватна плажа и два големи базени кои се опкружени со убаво уредена градина.

Хотелот е лоциран во областа Сал Хашееш, оддалечен 20км од центарот на Хургада, на прекрасна песочна плажа долга 600м и секако еден од најдобрите хотели во Хургада кој има 5 Делукс ѕвезди.Располага со пространи стандардни соби и апартмани. Сите соби се со клима, сеф, мини бар, телефон, LCD TV со сателитска и музички канали, интернет, фен.Хотелот располага со повеќе ресторани (Red Sea, Bella Vista, Mikado), Египетски ресторан, Infiniti ресторан покрај базен и барови. Во склоп на хотелот има клиника и доктор кој се достапни 24часа, rent a car, детски клуб и базен, мал трговски центар, Спа центар со турска бања, џакузи, отворен базен, салон за убавина и масажа, центар за нуркање, три тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг-понг, спортови на вода.

Хотелот се наоѓа во Сал Хашееш, на една од најубавите песочни плажи.Центарот на Хургада е на 25км а од аеродромот е оддалечен на околу 20км. Хотелот е еден од полуксузните хотели на брегот на Црвеното море и еден од ретките кои имаат услуга Ултра Се Вклучено.Хотелот располага со модерно опремени соби, со подлед на море или градина. Оброците се служат во неколку ресторани за кои е неопходно да бидете соодветно облечени.Во склоп на комплексот има 6 базени, со свежа и солена вода, а хотелската плажа е една од најубавите во тој регион, со златно-жолт песок и кристално бистра вода.

Изграден на брегот на Црвеното Море, на самиот раб на лагуната во Хургада, овој хотел со пет ѕвезди е супер-луксузно египетско одмаралиште. Со својата сопствена приватна плажа, е гламурозна точка за незаборавно уживање.Со мермерните подови, високите тавани и сенките на тропските градини, основите и ентериерите се како здив на свеж воздух. Хотелот може да се пофали со целосна услуга на Спа центарот, со голем број на најразлични третмани за убавина и велнес. Во склоп на хотелот на гостите на располагање им се A’la Carte рестораните, вклучувајки го и индискиот ресторан како и избор од неколку барови. Од содржини хотелот поседува два отворени базени, центар за нуркање, тениски игралишта, фитнес и голем избор на спортови на вода.

Хотелот е лоциран во областа Safaga, на 15км од аеродромот и на 19км од центарот на Хургада. Овој елегантен комплекс со 5* има своја песочна плажа со бесплатни лежалки и чадори за сонце. Семејствата можат да уживаат во базените и во Aqua паркот, додека пак двојките и пријателите можат да се релаксираат на плажата ” само за возрасни”.

Атрактивниот хотел Mercure Hurghada е хотел со 4*. Хотелскиот комплекс се наоѓа на околу 15км јужно од центарот на Хургада и зазема околу 40 хектари земјиште и поседува сопствена плажа. Хотелот има централна зграда со рецепција и помал дел на сместувачки капацитети,  како и сместувачки капацитети од типот на бунгалови или вили надовр од централната зграда.

Metamorfosi се наоѓа на западниот дел од полуостровот Ситониа. Уште при самиот влез во местото, туристите ги пречекуваат високите борови кои со своите сенки го затскриваат сонцето кое од спротивната страна на морето ги грее неговите плажи и паркови. Со многу внимание и труд низ изминатите години, неговите жители успеале на ова приморско село да му обезбедат епитет на вистински туристички бисер. Неговите угостителски и сместувачки капацитети сосема коректно ја надополнуваат севкупната слика на туризмот на Халкидики. За актуелната овогодишна сезона, избравме да Ви ги претставиме познатите хотели во Метаморфози, кои со својата понуда и услуга веќе го имаат придобиено вниманието на нашите туристи. Мало, пријатно место и вистински мал рај за релаксиран семеен одмор.

Facebook35k
Instagram3k