Хотелот се наоѓа во туристичкиот дел на Хургадa, на 6 километри од Сакала. Отворен е 2001 година и има 270 соби. Секоја соба е опремена со сателитска ТВ, клима, мини бар, телефон, фен , тераса, безжичен интернет (со доплата). Во рамките на хотелот има трговски центар, салон за убавина, СПА, гардероба, сауна, џакузи, масажа, мини голф, тени за тенис, сквош, казино, билијард, два големи базени со одделен детски басен, бар во вода, развоен центар, анимациски тим, дискотека, доктор, банка, сервис за перење за вежбање, сеф на рецепција (бесплатен е). 

Хотел Кинг Тут се наоѓа во близина на центарот Sakala, а од аеродромот е оддалечен 5 километри. Лоциран е директно на песочна плажа. Хотелот располага со 133 соби. Сите соби имаат клима уред, мини бар, телефон, сателитска ТВ, фен за коса и балкон. Гостите на хотелот располагаат со 3 главни ресторани (од кои едниот е на плажа), 4 барови ( еден е на плажа), базен, сауна, jacuzzi, простории за масажа и анимационен тим за забава за време на целиот ден.

Банско претставува совршен микс на традиционална и современа забава, што го прави одлична дестинација, токму по наш вкус. Градот се наоѓа во јужнозападниот дел на Бугарија, сместен под падините на Пирин планина. Популарниот скијачки центар е сместен на 927м надморска височина и го посетуваат луѓе од целиот свет. Располага со 17 скијачки патеки (должина 75 км) и 27 ски-лифтови. Наjвисоката точка на ски-центарот е 2560 м, а наjниската – 1000 м. Иако Банско има што да понуди во сите сезони од годината, со своите шармантни улички, историски и културни споменици и хотели од висока класа, сепак зимата е период кога најмногу се доживува духот и позитивното расположение на гостите.

Сарти е мало селце сместено на источната страна на вториот крак, со прекрасен поглед кон третиот крак и планината Атос. Има долга прекрасна песочна плажа и кристално чисто море. Според многумина најмонденското и најпосетено туристичко место на Ситонија. Оддалечено е 144 км. од Солун и 240 км. од македонската граница.

Хотелот Sahl Hasheesh 5* е изграден во 2018 година и се наоѓа во непосредна близина на марината, односно во шеткачката зона.

Поседува приватна песочна плажа со корален дел, кој што ги привлекува сите љубители на подводниот свет.

Хотелот има 7 базени, СПА Центар кој поседува сауна, парна бања, џакузи, турска бања, мазажи, салон за убавина, фитнес.

Исто така, доста атрактивни се и спортските активности како одбојка на плажа, ватерполо, тенис, билијард.

Сараево – град кој нема да ве остави рамнодушни. Градот кој претставува невидлива граница помеѓу Истокот и Западот. Градот каде се испреплетуваат богатата историја на верска и културна разновидност, Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа или „Ерусалим на Балканот. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православна црква, католичка црква и џамија во иста населба.
Градот на кујунџилак и на Баш чаршија која ве плени со нивната убавина и амбиент. Градот на севдахот, традицијата, културата и бурната историја на овие Балканските простори.

Дубровник – познат како бисер на Јадранот, еден од најпознатите туристички центри на Јадранот. Преубава околина, голем број на хотели и магнет за голем број на туристи од целиот свет во текот на целата година.

Хотел Посеjдон се наоѓа на сама плажа, во областа Канали, во местото Кастросикиа, на 18км од Превеза, 47км од Парга и на 30км од Лефкада. Одличен семеен хотел кој се наоѓа на прекрасната песочна плажа која е долга 8 километри на јонскиот брег во близина на летувалиштето Канали. Хотелот е потполно реновиран во 2010 година и располага со 53 соби на 3 спрата, паркинг, бесплатен интернет, 2 базена детски и за возрасни, бар покрај базен за кафе и закуска, ресторан, детско игралиште, таверна, мала зоо градина, бар на плажа, лежалки на плажа и на базен – бесплатни, паркинг – бесплатен.

Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено…На спротивниот дел од Неа Рода се наоѓа мало пристаниште од каде секој ден од локалните риболовци можете да купите свежа риба и морски плодови по многу поволни цени. Целосно затскриениот залив е исто така популарен меѓу сурферите и љубителите на глисери. Скриена во преубавиот залив Akanthios, во непосредна близинана апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата Voulitsa. Атрактивната песочна плажа ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден на истоимениот бар од каде допираат звуците на убавата музика, студените пијалаци и локалните специјалитети. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и истоимениот камп.

Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено… Скриена во преубавиот залив Akanthios, во непосредна близинана апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата Voulitsa. Атрактивната песочна плажа ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден на истоимениот бар од каде допираат звуците на убавата музика, студените пијалаци и локалните специјалитети. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и истоимениот камп.