Вила Марија – се наоѓа на околу 200 метри оддалеченост од плажа. Содржи спална соба со брачен кревет, а во дневната соба со поединечно легло и еден кревет на извлекување. Апартманот е на високо приземје. Апартманите се комплетно опремени и во кујната има голем шпорет и голем фрижидер. Сите апартмани имаат балкон и Wi-fi.

Three Corners Ocean View е adults-only хотел во El Gounа, кој се наоѓа на одлична локација во Abu Tig Marini, со поглед на море од една страна, а од друга страна со поглед кон пристаништето кое го красат луксузните и елегантни јахти. Хотелот поседува ресторан кој организира прекрасни вечери со различни специјалитети од интернационалната кујна. Хотелот има отворен базен.

МИКОНОС ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ЗАБАВАТА,УБАВИТЕ ПЕСОЧНИ ПЛАЖИ ,ТИРКИЗНАТА БОЈА НА МОРЕТО ИЛИ ОСТРОВ КОЈ Е НА ВРВОТ ОД ПОСАКУВАНИТЕ ТОП ДЕСТИНАЦИИ ЗА ЛУГЕТО ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ.ЛОЦИРАН НА КИКЛАДСКИОТ АРХИПЕЛАГ, НА ОДДАЛЕЧЕНОСТ ОД 650 км. ПО КОПНЕН И 2,5 ЧАСА ПО ВОДЕН ПАТ ИЛИ 1 ЧАС СО АВИОН ОД СОЛУН, Е ВЕЌЕ ДОСТИЖЕН ОСТРОВ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИ КОЈ ЗНААТ ВИСТИНСКИ ДА ИСТРАЖУВААТ И УЖИВААТ.ТУРИСТИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ,ПОЗНАТИ ЛИКОВИ, ЏЕТ СЕТЕРИ, АВАНТУРИСТИ СЕ ДЕЛ ВО ЛЕТНАТА АВАНТУРА НА МИКОНОС.ТОА Е ЕДИНСТВЕН ОСТРОВ НА КИКЛАДИТЕ КОЈ УСПЕВА СО ТЕКОТ НА ВРЕМЕТО ДА ПРИВЛЕЧЕ СЕ ПОВЕЌЕ И ПОВЕЌЕ ПОСЕТИТЕЛИ.МИКОНОС ПРИВЛЕКУВА СЛАВНИ ДИСК ЏОКЕИ ВО КЛУБОВИТЕ И БАРОВИТЕ НА ОСТРОВОТ И КОТИРА ВИСОКО МЕЃУ ВОДЕЧКИТЕ ДЕСТИНАЦИИ ЗА ЗАБАВА НА МЕДИТЕРАНОТ И ВО ЕВРОПА.ПЛАЖИТЕ:ОРНОС,КОРФОС,ПСАРУ,ПАРАГА,ПАРАДАЈС,СУПЕР ПАРАДАЈС,ПАНОРМОС СЕ САМО ДЕЛ ОД НАЈУБАВИТЕ ЕВРОПСКИ ПЛАЖИ СО ТЕМАТСКИ СОДРЖИНИ.НЕ МОРА ДА ИЗНАЈМУВАТЕ ЛЕЖАЛКА И ЧАДОР ЗАТОА ШТО НА СЕКОЈА ПЛАЖА ИМАТЕ ПРОСТОР КАДЕ МОЖЕТЕ ДА ПОСТАВИТЕ ВАШ ПЕШКИР И ЧАДОР.

Доколку би го превеле неговото име, тоа всушност буквално би го означило и негово вистинско осликување – “село во борови”. Ова познато туристичко место, кое се наоѓа на првиот крак на Халкидики – Касандра, е оддалечено на само десетина километри од веќе опишаното Полихроно. Многу поголемо и со многу повеќе содржини, Pefkohori со својата динамичност на постојано движење, секогаш претставувало магнет за туристите кои во летото бараат и многу забава. Опкружено со борови шуми, протегнато покрај прекрасното море и песочната плажа, ова туристичко место отсекогаш се вбројувало во најпознатите и најпосетените на полуостровот Халкидики. Многуте објекти за сместување, хотелите од сите категории, како и вонпансионските содржини со кои изобилува, Пефкохори го издвојуваат како високо развиена туристичка дестинација.

Вила Кози се наоѓа во Неа Флогита на сама плажа, на само 3-4 минути оддaлеченост од познатиот бар на плажа “Пастази”. Вилата располага со 1/3 студио и 1/4 апартман кои се наоѓат на прв кат. 1/3 студиото располага со брачен кревет и единечен кревет  како и мини кујна, тоалет и преграден балкон. Студиото нема поглед на море. Во 1/4 апартман сите кревети се во една соба и има посебна кујна,тоалет и преграден балкон.

Уникатен хотел распространет на голем број на острови кој меѓусебно се поврзани со кристални лагуни.Хотелот има сопствена песочна плажа со лежалки и чадори за сонце.Собите се климатизирани со купатило, мини бар, сеф, телефон, Wi-Fi интернет.Во состав на хотело има 18 терени за голф, Спа и фитнес центар,  базени за возрасни и деца, ресторани и барови, салон за убавина, спортови на вода.

Еден од најликсузните хотели во Хургада, сместен на приватна песочна плажа долга 400м., во новиот дел на Мемше, со бесплатни лежалки на плажа и чадори за сонце. Од центарот на Хургада е оддалечен 4км, а од аеродромот 6км.

Хотелот се наоѓа на сопствен полуостров, опкружен со лагини. Се карактеризира со елеганција и есклузивност. Оваа стилизирана оаза е спој на модерниот и нубијанскиот амбиент, што резултира со геометриски форми на светло црвени и портокалови нијанси. Цветните градини водат до заскиените лагунски плажи.

Хотелот се наоѓа на 500 м од стариот центар на градот и на околу 4км од новиот центар. Има своја песочна плажа и вештачки остров кој има свои чадори за сонце и лежалки за гостите. Од содржините на овој хотел, на гостите им се достапни базени, терени за одбојка на песок, фитнес сала и теретана, пинг понг, билијарт, aqua центар, ресторани и барови, дискотека, спа центар, менувачница, сауна, масажа. Хотелот е идеален за оние кои сакаат мирен и спокоен одмор, како и за оние кои покрај одмор сакаат да се забавуваат и да уживаат во ноќниот живот во Хургада.

Facebook35k
Instagram3k