Нова Година во Будва би бил прекрасен избор поради топлото време, морето, но и поради прекрасниот избор на изведувачи кои што ќе ја направата забавата за Новогодишната ноќ незаборавна.

Сите овие имиња се познати кај нас, на Балканот, а многу од нив и низ Европа.  Програмата на плоштадот во Будва започнува на 29 декември, а ќе ја отворат Хладно пиво и С.А.Р.С

Целата оваа организација за прекрасниот избор на изведувачи и журката која што не очекува е од страна на Општина Будва и Туристичката организација на Будва.

На новогодишната вечер на плоштадот пред стариот град ќе настапи најпознатата еx југословенска група Бело Дугме, предводена од Горан Брегович.

 

Огромен број на посетители традиционално години наназад како место каде што ќе ја дочекаат Новата Година ја одбираат Будва. Оваа година не очекува четири дневна музичка програма, потврдено е дека програмата започнува на 29 декември. Првиот ден програмата ќе ја отворат Хладно пиво и С.А.Р.С. На 30 декември настапуваат Бајага и Инструктори.

За најлудата ноќ организаторите се потрудиле да ги донесат моментално најпознатиот трибјут бенд “Queen real tribute“ бенд од Белград, вљубеници во култниот британски бенд “Queen“. Овој бенд има настапувано низ светот, а само во Бразил имаа дури 70 концерти. Освен врвните свирки, нивните настапи вклучуваат и впечатливи костими како што носеа “Queen“, дури и гитарата е идентична со таа на Брајан Меј кој што свири со монета.

После нив како ѕвезди на вечерта настапуваат Брегович и Бело Дугме. Во Будва доаѓаат и пејачи кои беа составен дел од овој бенд Младен Војичич, Тифа и Ален Исламович. Овој бенд пред три години во Будва ја направија новогодишната вечер незаборавна.

Музичката програма завршува на 01.01 и ќе биде вистинско задоволство за оние што сакаат „тврд“ звук. Тогаш настапува хрватскиот хип хоп бенд Елементал, а истата вечер се и босанскиот бенд Дубиоза колектив со мешавина на реге, ска, рок и секогаш силни политички пораки.

Ова е само една од причините зошто да ја поминете најлудата ноќ во Будва. Гламурозен дочек, познати ѕвезди, одличен провод и забава до зори. Ова се синонимите кои со години важат за Будва, како град кој е најомилена дестинација за најлудата ноќ.

Ако ова Ве привлече да посакате да бидете во Будва за Нова Година погледнете ја нашата понуда овде.