Лефкада 

Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја..

На овој остров на Јонско море се наоѓаат едни од најубавите плажи не само во Европа, туку и во светот.

Порто Кацики  

(Πόρτο Κατσίκι “коза пристаниште”) е една од најубавите плажи на овој остров. Името го добила затоа што порано само кози можеле да достигнат до оваа област. Плажата е позната по своите пејзажи и јасно синото море. Таа се наоѓа на дното на карпа. Оддалечена е 35 километри од градот Лефкада, во близина на селото Athani. Не постои сместување и кампување овде и истото е забрането. За да се спуштите на плажата постојат скали, но има и многу крстарења од Нидри, туристите најчесто одат со брод кој ги носи до оваа прекрасна плажа.

најубавитеПлажата Егремни

Оваа плажа е рај на земјата и е една од најубавите плажи на овој остров. Водите се неверојатно јасни и зајдисонцата овде често се драматични. Плажата е со средни камчиња, кои се многу удобно за лежење, во бела боја типични за Јонските острови. Морето овде е длабоко, особено на јужниот крај, каде што бродови најчесто ги остават туристите. Оваа плажа е идеална за вљубеници во природата кои сакаат мир и рајска убавина благодарение на неговата оддалеченост и релативно тежок пристап. Единствен начин да стигнете до оваа плажа е со брод.

Плажата Катизма

Оваа плажа е една од ретките урбани плажи на Лефкада и е една од најубавите плажи на овој остров. Оваа плажа има прекрасен бар во кој што може да се напиете кафенце и по некое пиво уживајќи наутро во релаксирачка музика, а веќе во попладневните часови ќе бидете дел од журката.

На оваа плажа можете и првпат да летате со параглајдер, уживајќи во погледот кој ќе ви ја исполни душата и на крај шлагот на се е зајдисонцето кое ќе ве остави без здив.

Види повеќе на следниот линк: http://bit.ly/2k7tJct