Париз, “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на Светот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен. Просто е невозможно да не се заљубите во Париз, градот каде преовладува стилот, каде рестораните и ноќниот живот ветуваат уживање. Погледнете дел од знаменитостите на Париз што мора да ги посетите.

 

1. Ајфеловата Кула

Што ќе биде Париз без својата симболична Ајфелова кула? Изградена од Густав Ајфел за да ја одбележи стогодишнината на Француската револуција.На височина од 324 метри, ова е еден од најпосетуваните споменици во светот, со речиси 7 милиони посетители годишно.  Откако ќе се качите 1665 скали до врвот ќе уживате во величествениот поглед на Париз.

Што

 

2. Катедралата Нотр Дам

Нотр – Дам де Париз, исто така позната како Нотр Дам е католичка катедрала која што се наоѓа на источната страна на Иле Де Ла Чите. Се смета за еден од најдобрите примери на француската готска архитектура во Франција и Европа. Започната е да се гради во 1163год. а изградбата е завршена во 1345год., оваа катедрала ја красат многубројни скулптури и гаргули на покривот. Ви препорачуваме да се искачите и одблизу да ги видите, а со тоа ќе си пружите и прекрасно задоволство гледајќи го Париз од високо. Иако треба да се искачите 387 скали, ова може да биде исцрпувачки, но гарантирано вреди.

 

 

3. Музеј Лувр

Најпосетениот музеј на уметноста во светот, а се наоѓа во срцето на Париз. Оваа историска зграда е поранешна Кралска палата, со површина од 210.000 метри квадратни, вклучувајќи 60.600 метри квадратни за изложби.  Музејот е сместен во Лувр, првично тврдина изградена кон крајот на 12 век под Филип Втори. Остатоците од тврдината се видливи во подрумот на музејот. Колекцијата е поделена на осум одделенија: Египетски антиквитети, Ориентални антиквитети, Грчки, етрурски и римски, Исламска уметност, Скулптури од средниот век, ренесансата и модерните времиња, Предмети на уметноста, Слики и графички вештини.

 

 

4. Триумфалната Капија

Под магија на античката римска архитектура, Наполеон го нарачал Жан Чалгрин за дизајн на триумфален лак посветен на славата на царските армии.  Изградена е 19век, таа е најголемиот споменик од ваков вид во светот. Импресивните скулптури ги красат столбовите, покрај тоа имињата на 558 генерали и големите победи се врежани на врвот на лакот.  Панорамската тераса над вратата нуди прекрасен поглед на Париз.  Под капијата е гробот на Непознатиот војник на Франција.

 

 

5. Мулен Руж

Кабаре во подножјето на ридот Монмартер во срцето на Пигал, изградено во 1889год. од страна на Џозеф Олер и Чарлс Зидлер.  Првично е воведено како танц на додворување и го овозможува раѓањето на кабарето кое сега е присутно во многу земји низ светот. Денес Мулен Руж е туристичка атракција, обезбедувајќи забава за посетителите од цел свет. Неговиот стил и неговото име се имитирани и позајмени од други ноќни клубови низ целиот свет, Лас Вегас на пример. Покрај тоа, многу филмови помогнаа во репутацијата на кабарето, како што е филмот на Баз Лухман во 2001год. во кој глуми Никол Кидман и Еван Мекгрегор.

Ова е само дел од знаменитостите на Париз што може да ги посетите. Наш предлог е Новогодишната понуда за патување во Париз да не ја пропуштите, овде погледнете ја целосната програма.