Крф

Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Градот Крф е најубавиот островски град. Град низ кој кога ќе шетате ќе се чувствувате како да сте истовремено во Лондон, Париз и Венеција. Миксот на архитектура велат дека има шмек на Лондон, Париз и Венеција. Ова е прекрасен град кој ќе ве остави без здив, но Крф не треба да го посетите само заради убавината на градот туку и заради прекрасните плажи, во различен стил кои ги има островот. Овде ќе сретнете песочни плажи, плажи во карпи, плажи со големи и ситни камчиња.

Ова е нашата листа на плажи кои мора да ги посетите на Крф!

 

ПАЛЕОКАСТРИЦА

во превод значи “место на стар замок“. Ова место е бисер на островот Крф, којшто го красат чисти песочни, камени и карпести плажи, со посебно кристално чиста сино – зелена морска вода. Палеокастрица излегува на две плажи, една песочна и една камена. Идеална за оние што сакаат мир и релаксација, а во внатрешноста на морето, оддалечени од брегот има голем број на мали песочни плажи, до кои се стигува само со бротчиња. Овој дел на морето е богат со животински свет и е омилен за нуркачите.

ГЛИФАДА  

долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои со природната убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за релаксација.

 

 СИДАРИ

познато по легендарниот канал на љубовта. Местото каде природата создала свои траги што ќе се најдат во сечиј фотоапарат. Фантастичните геолошки формации создадени од морето и сонцето ќе ве остават без здив. Овде откако ќе го препливате каналот мислејќи на љубовта. Може да се опуштите и на долгата песочна плажа исполнета со барови и таверни со многу поволни цени. Овде може да го дочекате и најубавото зајдисонце во барот “Seven Haven“. Ќе се почувствувате како да сте на седмо небо.

 

За почеток овие плажи се нашиот предлог, следете не, ќе има уште!

Доколку ова ве привлече да го посетите островот Крф ова лето, погледнете ја нашата понуда на следниот линк  http://bit.ly/2jxOQRN