Меѓународен ден на трудот — меѓународен празник кој се празнува на 1 ви Мај. Посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.

Се одбележува на 1 ви Мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго. Организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден. На овој штрајк беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот беа изведени на суд, при што четворица од нив беа и погубени.