Будимпешта

Град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината. Будимпешта е главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар.

 

Секој што сака да го посети овој град мора да ги знае следните карактеристики.

 

  1. Не сме биле само ние под Турско 5 века, Отоманската ера траела и овде повеќе од 100 години.
  2. Од Римско и Турско време започнува бањската култура во Будимпешта, но истата се негува и денес .

3. Дунав го преполовува овој град на Буда и Пешта и има 12 мостови и 2 железници.  Најстариот мост на реката е мостот Сечени.

 

 

4. Од десната страна на брегот на Дунав се наоѓа Буда со Обуда, а од левата страна Пешта, тоа биле три различни градови кои денес се заедно како Будимпешта. Буда е помирниот и позелениот дел на градот, а Пешта е делот кој никогаш не спие и овде се наоѓаат најатрактивните туристички места.

 

 

5. Рубик, пронаоѓачот на познатата Рубикова коцка е роден во овој град.

 

 

6. Во Будимпешта се наоѓа втората по големина Синагога го светот, после таа во Њу Јорк.

 

 

7. Ако му го почешкате стомакот на полицаецот пред базиликата Сан Естебан, никогаш нема да се здебелите.

 

 

8.  Според една легенда, кога се изградил мостот Сечени, деца извикувале дека лавовите на мостот немаат јазици и архитектот засрамен се самоубил, фрлајќи се во Дунав.

 

 

9. Метрото во Будимпешта е второ најстаро во Европа, веднаш после тоа во Англија.

 

 

10.Во Будимпешта имаат голема почит кон Евреите од холокаустот и токму заради тоа покрај брегот на Дунав може да се видат многу чевли изработени од бронза фиксирани на земја. Ова е во чест на сите загинати Евреи кои од ова место биле фрлани во Дунав и оставени да се мачат и да се удават.

 

 

Доколку ова Ве привлече да ја посетите Будимпешта, ние Ве носиме за 8ми декември, продолжен викенд и божиќен пазар. Целосната понуда погледнете ја тука.