Биди ти еден од најбогатите луѓе!!


happiness-1
Дефиниција за среќа за некој се децата, семејството, богатството, моќта. Што е среќа за тебе? Дали се пронаоѓаш во горенаведеното или не?

Среќа за мене е да учам и истражувам нови работи, да посетам нови места и да видам како живеат другите. Да видам што има после секоја граница, со какви убавини, но и проблеми се среќаваат тие луѓе таму.

 

 

6790834651_6f6c0b8e05_b

Дали ние сме дојдени на овој свет само да работиме, да плаќаме сметки, да ги оправдаме дадените можности од нашите родители, да бидат задоволни и горди на нас, како нашите родители, така и општеството. Да се репродуцираме, да создадеме фамилија, да вложуваме во нашите деца, да работиме, да создаваме за да тие имаат поубав и полесен живот. Дали мислите дека вака поминат животот е среќен живот? Зар помеѓу сето ова негде не треба да си пружиме задоволство на самите себе, да си пружиме летување, зимување, посета на некој град за кој од деца сонуваме да го видиме на само неколку дена?

 

 

 

3u1Убавината во патувањето е тоа што гледаш нови и различни места, запознаваш нова култура, вкусуваш нови специјалитети и кога ќе се вратиш се чувствуваш побогат, порелаксиран и спремен за нови предизвици. Запознаваш луѓе во групата со која патуваш и остануваат твои пријатели уште години подоцна. Ова се само дел од причините зошто патувањето не прави побогати, посреќни и поздрави.

 

 

tumblr_ln5lazlQhM1qebubko1_500_large_largeПатувај, истражувај, дружи се, смеј се… Животот поминува, парите се трошат, но спомените остануваат. Повеќе спомени поголемо богатство.

Биди ти еден од најбогатите луѓе!!