Афитос

Доколку треба да одлучите каде на Халкидики да летувате, наш предлог е токму ова гратче – Афитос.

Афитос е гратче кое што се наоѓа на првиот крак, североисточниот дел на Касандра. Ова приморско гратче со калдрмите и тесните улички потсетува на Италија.

               

 

Афитос е место каде што ќе уживате во традиционалните јадења и пиења, во прекрасна атмосфера, тивка грчка музика и прекрасен поглед на море.

Бидејќи Афитос се наоѓа повисоко, погледот додека седите во таверна, ќе ве остави без здив и така со часови може да уживате во чаша вино и убаво друштво.

Ова место е познато и по кристално чистата вода и убавата плажа со камчиња и песок на која може ад се релаксирате со часови.

 

             

 

Во центарот на Афитос има плоштад, црква, етнографски музеј и сцена на која се одржуваат концерти и традиционални настани.

Топло ви го препорачуваме Афитос. Идеална летна дестинација за сите љубители на традиција, архитектура, убава плажа и море. Секако и за гурманите на убава храна и пијалок.

Доколку не послушате нема да се покаете 😉

Погледнете ги вилите со кои располагаме во Афитос на следниот линк  http://bit.ly/2qVGMgS