БУДВА е убавица во која има за секој по нешто. Бисер на Јадранот, центар на медитеранскиот туризам. Место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус. “Будванска ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот (Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св.Стефан…) кои во комбинација со интензивниот ноќен живот се главна каректеристика поради кои се доаѓа во оваа престолнина на Црногорскиот туризам.

Будва е нај атрактивното место на Јадранскиот брег. Будва изобилува со долги песочни плажи со вкупна должина од 25 км. Најпознати се Словенска плажа, Милочер, Пржно, Каменово, Могрен 1 и 2 и многу други плажи. А најголема атракција претставува Стариот Град. Во непосредна близина се наоѓа и островот Св.Никола кој е најголем во овој дел од Јадранот.

Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Петровец. Ова мирно место е совршено за одмор и релаксација.Пријатни жители и гостопримлива атмосфера е првото нешто што ќе го забележите кога ќе пристигнете во Сутоморе.Има голем луна парк, долго шеталиште, голем број на продавници за сувенири и кафулиња, aптеки, амбуланта, маркети…
Она што е веднаш забележливо кога прв пат пристигнувате во Сутоморе е природната убавина: Пространа плажа и азурно море од една и голем планински масив од друга страна.
Во сезона Сутоморе остварува преку 10.000 ноќевања дневно. Населението се занимава со туризам, кој е основен извор на приходи на овој град. Големата посетеност на градот највеќе се должи на младите луѓе. Mногу хотели, ресторани, кафулиња, клубови, дискотеки придонесуваат ова место да биде привлечно за голем број туристи.

Чањ е атрактивно туристичко место кое се наоѓа помеѓу Петровац и Сутоморе. Има прекрасна плажа во должина од 1км, наречена Златна обала, по бојата на песокот. Во непосредна близина на Чањ се наоѓа прочуената Краљичина плажа до која се доаѓа само со брод.Предноста на ова мало туристичко летувалиште е во тоа што се наоѓа надвор од големата сообраќајница, па тука целото семејство може да ужива во својот одмор. Топлото море, песочната плажа, пријатната средоземно морска клима, парковите, чистотата, забранетиот сообраќај во местото, културните приредби и забави се причини Чањ да биде една од омилените туристички дестинации на Црногорското крајбрежје.