Ова лето поминете го во егзотичниот Египет, уживајќи во идеалната клима, долгите песочни плажи и топлите и чисти води на Црвеното море. Црвеното море е познато по божествената флора и фауна која е идеална за сурферите и нуркачите. За вас подготвивме понуди по промотивни цени за приод 27.07 – 02.08.2020 за повеќе хотели кои ви […]

RIXOS SHARM EL SHEIKH 5* ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 30.04 ИНФО НА 071/451-633 или 02/2774-371 Елегантниот хотел Rixos Sharm El Sheikh се наоѓа веднаш на брегот на Црвеното Море со поглед на островот Тиран, во хотелската зона на заливот „Nabq Bay “, на сама песочна плажа. Тој е на 23 км од центарот на заливот […]

Albatros Aqua Park Sharm е уникатно и луксузно одморалиште со 5 ѕвезди. Аква паркот во хотелот е многу популарен со неговите водени тобогани, многуте разновидни базени, понудата на спортови на вода и различни активности за луѓе од сите возрасти. Ќе најдете по нешто за сите во паркот Albatros Aqua Park, без разлика дали планирате активен или семеен одмор во комбинација со исклучителни спортови на вода и рекреација. Хотелот се состои од 236 соби, вклучувајќи стандардни и семејни соби опремени со телефон, сателитска ТВ, клима уред, мини бар, котел, сеф, фен, балкон или тераса, бања со туш.
Најдобри локални производи се спремаат во хотелската кујна и служат во рестораните “SOPRANO” , Азиско – Индискиот, ориенталниот ресторан „MILLENNIUM“, со вкусна зачинета храна, Мароканскиот “ TAGINE” A LA CARTE ресторан и “CLUB MAC” – ресторанот за ужина.
Препуштете се на прекрасните креации на готвачите со одбирање на вашето омиленото јадење од богатата понуда.
Albatros Aqua Park нуди 24-часовна услуга на рецепција, услуга за оденоси со гости, услуга во соба, услуга за перење и хемиско чистење, багаж, бесплатен Wi-Fi, факс и фотокопирање, банкомат, услуга на консиерж, шатл-бус, такси услуга , велнес центар, сувенири и продавница за подароци и специјално диетално мени на барање.
Уживајте во одличната клима на Шарм Ел Шеик додека се занимавате со многу рекреативни активности во хотелот или околу него. Albatros Аqua Park Sharm El Sheikh ги нуди овие одлични содржини во времето на вашиот прекрасен престој во хотелот. Albatros Аqua Park нуди 24 базени на отворено со слатка вода, 4 тобогани за возрасни и 55 тобогани за деца.

Хотелот се наоѓа во зоната на Nabq Bay, опкружен со убава градина која се спушта до песочната плажа со кристално чисто море, корални гребени и пантонски мост. Тоа е на 10 км од аеродромот и 19 км од центарот на Naama Bay.
Во склоп на хотелот има главен ресторан, 7 a la carte ресторани, 12 тематски барови низ целиот комплекс, менувачница, салон за убавина, продавници, бесплатно wi-fi, сервис за перење и пеглање.
Од спортските содржини гостите имаат на располагање: 10 базени на отворено (4 базени за деца со тобогани), 4 базени се греат во зима, 5 тобогани за возрасни и 24 тобогани за деца, пикадо, пинг-понг, мини голф, билијард, тениско игралиште, одбојка и мини фудбалски игралишта, центар за нуркање, спортови на вода, теретана, Спа центар (простории за масажа и третман, џакузи, сауна, парна соба и vichy туш). Гостите користат лежалки, чадори и пешкири без дополнителни трошоци. Се препорачува носење обувки за капење. Услуга – All inclusive. Оброците се служат на шведска маса.

Овој all-inclusive хотел се наоѓа во рамките на Аква парк City, веднаш до шеталиштето долгo 450 метри koe што нуди голем број на кафулиња и продавници. Аква-паркот содржи 8 базени, 3 детски базени и 64 различни тобогани на вода. Хотелот Aqua Blu нуди целосна услуга во спа центарот како и приватна плажа.
Сите соби се климатизирани и имаат балкони со поглед на прекрасно уредените градини и лагуни и исто така имаат сателитска ТВ и минибар купатилото е опремено со тоалетен прибор.
Хотелскиот ресторанот на база шведска маса нуди италијанска, медитеранска и азиска кујна. Во вечерните часови, гостите можат да уживаат во пијалок во спортскиот бар.
Хотелот Aqua Blu Sharm има добро опремена теретана. Гостите можат да возат педалина во лагуната или да играат тенис или мини голф.
За гостите е обезбеден превоз до приватната плажа во хотелот Albatros Resort каде што лежалките за сонце и чадорите, како и спортовите на вода се на располагање.

Еден од најубавите ресорти во Шарм Ел Шеик се наоѓа на само 4км од aеродромот. The Charmillion Club Resort се протега на заливот Nabq Bay и има прекрасна песочна плажа, со сопствена платформа за влез во море. Хотелот нуди удобно сместување во 374 соби комплетно опремени. Сите соби во Charmillion Resort имаат модерен декор и климатизација. Секоја соба има поглед на градината на базен или кон. Ресортот нуди 3 ресторани и 4 барови, фитнес и Спа центар, Детски клуб со повеќејазичен тим за анимација, игралиште за деца и детски дел во главниот ресторан со специјално мени за децата.

Хотелски комплекс Hilton Waterfalls се наоѓа во прекрасна околина полна со зеленило, оддалечен е 25 км од меѓународниот аеродром. Каскадно е поставен и ваквата позиција овозможува прекрасен поглед на морето, а гостите до приватната плажа можат да стигнат со лифт. Плажата е опремена со лежалки и чадори, а преку коралите лесно се преминува со помош на понтонски мост. Од центарот на познатиот туристички регион Naama Bay, хотелот е оддалечен 8 километри.

Гостите имаат на располагање 7 базени, спа центар, фитнес центар, тениско игралиште, мини-клуб за деца, игралиште, центар за нуркање, пинг понг, билијард, неколку барови и a la carte ресторани, главен ресторан, продавница за подароци, сеф, Wi-Fi (достапен во фоајето и покрај базен). Пешкирите за плажа се достапни со депозит.

Стандардните соби од 39 м2 наменети се да сместат две до три возрасни лица или две возрасни лица и две деца. Сите соби имаат клима, бања со када или туш, фен за коса, пегла и даска за пеглање, мини-бар, ТВ, сеф, Wi-Fi.

Услуга – All inclusive. Оброците се служат на шведска маса.

Идеално лоциран во срцето на светски реномираното одморалиште Шарм Ел Шеик, хотелот Tropitel Naama Bay нуди прекрасен поглед на Црвеното Море. На само неколку минути пешачење од хотелот се наоѓаат познатите Little Buddha bar, Hard Rock Cafe Naama Bay.
Хотелот се наоѓа на околу 11км од Меѓународниот аеродром во Шарм Ел Шеик.
Со 4 базени, аква парк со 3 тобогани и приватна плажа, хотел Tropitel Naama Bay нуди се за незаборавен одмор. За надополнување на незаборавниот одмор хотелот нуди СПА центар, фитнес центар, дневна програма за анимации, центар за нуркање и спортови на вода. Исто така, постои посебен базен за деца. Собите се модерни и пространи, опремени со бања со туш или када, клима, сеф, ТВ со сателитски канали.

Hotel Hilton Sharks Bay се наоѓа на сопствена приватна плажа во заливот Sharks Bay. На километар оддалечено од Soho Square, плоштадот каде туристите можат да најдат многу ресторани, барови, продавници и други објекти за забава. Исто така се наоѓа на 5 км од аеродромот.
Во склопот на хотелот се наоѓа и главен ресторан и неколку a la carte ресторани и барови, а седум базени, фитнес центар, услуга со масажа, пинг понг, тениско игралиште, билијард, нуркање и спортови на вода, детско игралиште, мини-клуб за деца, салон за убавина, продавница за подароци, бесплатен Wi-Fi во зедничките простории.
Собите се опремени со клима, сателитска ТВ, мини бар, сеф, бања, балкон или тераса.

Услуга – All inclusive. Оброците се служат на шведска маса.

Charmillion Club Aquapark се наоѓа во областа Nabq Bay во Шарм Ел Шеик, само 1 км од плажа. На располагање на гостите е аква парк за возрасни и деца, уреден базен со дел за возрасни и деца, 3 ресторани и 3 барови.
Секоја соба во Charmillion Club Aquapark е опремена со ТВ со рамен екран, мини бар и сопствена бања. Сите соби се елегантно опремени и имаат балкон или тераса.
Главниот ресторан во клубот „Шармилион“ нуди појадок секое утро, а вечерата се служи во италијанскиот или индискиот а la carte ресторан. Различни коктели се служат на базен и тераса бар.
Аква-паркот на хотелот има 10 тобогани на отворено, за возрасни и 12 за деца. Хотелот исто така нуди терени за одбојка, фудбал, одбојка, како и пикадо, пинг понг и билијард. Исто така поседува центар за нуркање.
Центарот на градот е оддалечен 24 км од Charmillion Club Aquapark хотелот. Меѓународниот аеродром Шарм Ел Шеик е на 5-минути возење далеку.