БУДВА е убавица во која има за секој по нешто. Бисер на Јадранот, центар на медитеранскиот туризам. Место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвора во отворен театар за сечиј вкус. “Будванска ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот (Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св.Стефан…) кои во комбинација со интензивниот ноќен живот се главна каректеристика поради која се доаѓа во оваа престолнина на Црногорскиот туризам.
Во Будва ќе се релаксирате покрај море, во стариот град ќе уживате во погледот и амбиентот што остава без здив, а навечер ќе се журкате до утринските часови. Ова се причините зошто да ја посетите Будва за продолжениот викенд во јуни.

Будва е приморски град во Црна Гора. Градот е центар на општината Будва и има околу 10.000 жители. Брегот околу Будва, наречен Будванска ривиера е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземноморската архитектура.
Туристичката содржина на ова летувалиште е збогатено со традиционални културни, забавни и модни манифестации. Преубавиот стар град, опкружен со ѕидини, храбро зачекорил во морето. Тесните, со камен поплочени улици се слеваат во преубавите малечки градски плоштади.
Острог – Манастирот на Василие Острошки, сместен во високо карпест предел. Манастирот претставува најголемото Црногорско светилиште и секоја година привлекува мноштво поклоненици. Основан е од страна на Св. Василије Острошки во XVII век. Се верува дека неговите мошти кои се наоѓаат во Горниот Манастир се чудотворни, а виновата лоза која расте покрај карпите на прочуениот манастир е лековита, односно нејзините плодови ја лечат неплодноста.

БУДВА е убавица во која има за секој по нешто. Бисер на Јадранот, центар на медитеранскиот туризам. Место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус. “Будванска ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот (Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св.Стефан…) кои во комбинација со интензивниот ноќен живот се главна каректеристика поради кои се доаѓа во оваа престолнина на Црногорскиот туризам.

Будва е нај атрактивното место на Јадранскиот брег. Будва изобилува со долги песочни плажи со вкупна должина од 25 км. Најпознати се Словенска плажа, Милочер, Пржно, Каменово, Могрен 1 и 2 и многу други плажи. А најголема атракција претставува Стариот Град. Во непосредна близина се наоѓа и островот Св.Никола кој е најголем во овој дел од Јадранот.

Будва е еден од дијамантите на Црна Гора. Нејзината топла клима, прекрасни плажи и извонреден стар град привлекува многу туристи од источна Европа секоја година и еве зашто?! Стариот град на Будва Најпрво нешто што треба да посетите е стариот град на Будва. Нејзиниот утврден стар град ќе ве остави без здив со многу кафулиња […]

Нова Година во Будва би бил прекрасен избор поради топлото време, морето, но и поради прекрасниот избор на изведувачи кои што ќе ја направата забавата за Новогодишната ноќ незаборавна. Сите овие имиња се познати кај нас, на Балканот, а многу од нив и низ Европа.  Програмата на плоштадот во Будва започнува на 29 декември, а […]