На море во Мај. Искористи го продолжениот празничен викенд Св Кирил и Методиј, одбери си дестинација и уживај на море.

ЗА СЕ ДОПОЛНИТЕЛНО ЈАВИ СЕ НА 02/2774-371
Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. Со таа положба си обезбедува место како најсеверен значаен остров во Грција. Островот Крф со околните острови и гребени чинат посебна општина, која припаѓа на истоимениот округ Крф. Крф се наоѓа на крајниот северозапад на Грција во Јонско Море, 2 km северно од Крф се наоѓа албанскиот брег. Крф е многу поблиску до нејзиниот брег отколку до брегот на Епир (околу 15 km). Јужно од Крф се наоѓаат Пакси и Антипакси (околу 15 km). Зафаќа површина од 614 km2 и население од 102.000. Главен град е Крф, 40.000 жители.

Мистично привлечен, спакуван во историски приказни. Обоен од влијанија на најразлични цивилизации, фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има на број и по вкус за секого, кристално чистата вода која е склоп на секој отсликан пејзаж, богатиот ноќен живот, традиционалниот вкус на медитеранската клима… Но, поважно е да дознаете зошто за Вас, Крф ќе биде идеалното место за прославување на најголемиот христијански празник. Ако за Божиќ велат каде и да си, дома да си, тогаш за Големата ноќ треба да си на Крф.
Местото кое е светски познато по традицијата и церемониите кои го одбележуваат празникот и се одржуваат два дена. Атмосферата е хармонија од обединети обичаи на православната христијанска вера, паганските традиции, венецијанското наследство, многубројните поворки во присуство на филхармониски оркестар и опојниот здив на пролетта.

Романија — земја во југоисточна Европа. Граничи со Украина и Молдавија на североисток, со Унгарија и Србија на запад и со Бугарија на југ (по должината на реката Дунав). Романија на исток има мал излез на Црно Море. Источните и јужните Карпати минуваат низ централниот дел на земјата. Главниот град на Романија е Букурешт.
Членка е на НАТО од 2004 година. На 25 април 2005, во Луксембург, Романија потпиша договорот за членство во Европската Унија. Полноправен член е од 1 јануари 2007, заедно со Бугарија.
Романија се смета за латински остров во океанот од Словени. Името на оваа земја потекнува од името на градот Рим (Рома), или од името на Источното римско царство
Името Романија доаѓа од романскиот збор роман (român) кој пак потекнува од латинскиот назив Romanus. Во 16 век повеќе автори нагласиле дека населението се нарекува како „романи“.
Првиот документ напишан на романски јазик било писмото Неакшу каде за прв пат во пишана форма се употребува зборот „романски“.

Кефалонија е најголемиот Јонски остров, сместен јужно од Лефкада и Итака и северно од Закинтос. Кефалонија е грчки остров, кој ќе Ве маѓепса на прв поглед. Обалата му е преполна со заливи. Плажите претежно се каменести, но има и песочни плажи. Тоа што најмногу ќе ве воодушеви на овој остров е кристално чистото море! Кефалонија е остров со чудесни пејзажи, преубави плажи, симпатични места, љубезни домаќини, остров на мирот и спокојот, кое ќе ве натера повторно да го посетите.

Будва е приморски град во Црна Гора. Градот е центар на општината Будва и има околу 10.000 жители. Брегот околу Будва, наречен Будванска ривиера е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземноморската архитектура.
Туристичката содржина на ова летувалиште е збогатено со традиционални културни, забавни и модни манифестации. Преубавиот стар град, опкружен со ѕидини, храбро зачекорил во морето. Тесните, со камен поплочени улици се слеваат во преубавите малечки градски плоштади.

“Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“.Тој е еден од само неколкуте големи европски градови кои имаат една џамија,католичка црква,православна црква и синагога во исто соседство.Сараево е главен град на Босна,каде минува реката Милјацка.Град со околу 400.000жители,бурна историја.Сараево е град домаќин на 14-те Олимписки игри(1984).

Романија — земја во југоисточна Европа. Граничи со Украина и Молдавија на североисток, со Унгарија и Србија на запад и со Бугарија на југ (по должината на реката Дунав). Романија на исток има мал излез на Црно Море. Источните и јужните Карпати минуваат низ централниот дел на земјата. Главниот град на Романија е Букурешт.
Членка е на НАТО од 2004 година. На 25 април 2005, во Луксембург, Романија потпиша договорот за членство во Европската Унија. Полноправен член е од 1 јануари 2007, заедно со Бугарија.
Романија се смета за латински остров во океанот од Словени. Името на оваа земја потекнува од името на градот Рим (Рома), или од името на Источното римско царство
Името Романија доаѓа од романскиот збор роман (român) кој пак потекнува од латинскиот назив Romanus. Во 16 век повеќе автори нагласиле дека населението се нарекува како „романи“.
Првиот документ напишан на романски јазик било писмото Неакшу каде за прв пат во пишана форма се употребува зборот „романски“.

Барселона е признаена за глобален град поради нејзината голема улога во финансиите, трговијата, медиумите, забавата, уметностите и меѓународната трговија. Барселона е главен економски центар со едно од најзначајните средоземни пристаништа, додека пак Меѓународниот Аеродром Барселона е втор по големина после Аеродромот Барахас во Мадрид. Основан како римски град, Барселона станала главен град на грофовите од Барселона. По спојувањето со Кралството Арагон, таа станала еден од најзначајните градови во него. Покрај тоа што често пати била освојувана во историјата, денес Барселона е значаен културен центар и главна туристичка дестинација со богато културно наследство. Особено добро познати се архитектонските дела на Антони Гауди и Луис Доменак Монтанер чии дела денес се под заштита на УНЕСКО. Од неодамна градот стана познат по Летните Олимписки игри од 1992 година.
Како главен град на Каталонија, во Барселона се наоѓа седиштето на Каталонската влада, позната како Генералитат де Каталунја. Доста важни институции се и извршната власт, парламентот и Врховниот Суд на Каталонија.