Нови Сад е прекрасно место каде што ќе уживате  во парковите и во стариот дел на градот, чија што архитектура потсетува на австро-унгарското владеење и никако немојте да ги пропуштите најинтересните места и објекти, кои мора да се видат.

1.Плоштадот”Слобода”

Плоштадот е лесно воочлив. Од една страна се издига католичката црква, од другата страна е кметството, а помеѓу нив е сместен плоштадот, опкружен со прекрасните градби од 19 и 20 век, како што се наоѓаат банката Војводина и хотел Војводина.

2.Католичката црква

Изградена е во нео-готски стил и е посветена на Богородица, која импресионира со својата големина и впечатливост. Не е случајно изградена во центарот на градот. Таа е знак на силната религиозност и вера на населението, а е изградена на местото на некогашната мала црква.

3.Кметсвото

Оваа импресивна градба која е изградена во неоренесански стил, го дополнува изгледот на централниот дел на градот. Елементите на кој треба да обратите внимание е високата кула на која што е поставена камбанеријата и украсите на зградата со грбот на градот, колиниите во јонски и корински стил и 16те алжирски фигури.

4.Петроварадинската тврдина

Пертоварадинската тврдина е изградена на десниот брег на реката Дунав и е една од најголемите тврдини во Европа, која е изградена од францускиот архитект Вобан во 18век. Во секое време може да седнете во некоја од многубројните кафетерии и да уживате во прекрасниот поглед на градот, додека го пиете вашието омилено кафе. Секоја година, започнувајки од 2000год., на Петроварадинската тврдина се одржива познатиот музички фестивал “Exit”, каде што може да ги почуствувате различните стилови на музика.

5.Дунавскиот парк

Најубавиот новосадски парк со преку 250 вида на растенија, се наоѓа во самиот центар на градот и се простира на 33.695 квадратни метри. Во централниот дел на паркот се наоѓа и езеро со мал остров во средината. Дунавскиот парк го красат многубројните и ретки врсти на дрва.

Во секој случај, Дунавскиот парк повеќе од еден век се противи на времето и претставува вистинска мирна оаза во центарот на Нови Сад.

6.Дино парк

Дино парк-место на кое децата ќе се забавуваат! Во паркот можат да се видат најразлични објекти од едукативен и образовен карактер. Има 24 копии од диносауруси и може да се види и научи како живееле диносаурусите во мезозојската ера. Паркот е отворен од Април до Ноември.

7.Плажата во Нови Сад

Седнете на брегот на реката и ќе може да се разладите во водите на реката Дунав во летните денови. Плажата се вика “Штрунд”, што на германски значи и плажа. Преубаво уредена плажа со лежалки и чадори, каде што може да се опуштите и релаксирате. А доколку имате повеќе време ви ја препорачуваме и Фрушка гора, која се наоѓа јужно од Нови Сад, од другата страна на реката Дунав.

Се надеваме дека со оваа статија Нови Сад е веќе на вашата листа на места што сакате да ги посетите. Погледнете ја нашата понуда за Нова Година на следниот ЛИНК.