Велат патувањето е еден од најпозитивните начини на користење на слободното време, а најубаво е кога ќе ја посетите Италија. Уште од антички времиња, Италија ги фасцинира посетителите со својата архитектура, преубавата природа, начинот на кој човечкото се вклопува со природното. Земјата каде се преродува замислата дека човекот е центарот на светот, да пристигне до кулминација во магичното Милано, градот чиј патрон е еден од најголемите умови на светот, Леонардо Да Винчи. Ако досега немате смислено каде да патувате, Ве покануваме заедно со нас да го посетите центарот на модата, местото каде што минатото, сегашноста и иднината се спојуваат, Милано.

Погледнете 5 места кои треба да ги посетите во Милано:

1. Катедрала Дуомо

Најголемата готска Катедрала во светот, Дуомо е центарот на Милано. Уникатен спој на архитектура и уметност, градба која има огромен број на скулптури, цртежи и поглед кој ќе Ве остави без зборови, ќе направи сликата да остане засекогаш во Вашите мисли…

2. Галерија Vittorio Emanuele

Првиот светски трговски центар, доказ дека Милано е центарот на шопингот и модата уште од дамнешните времиња, восхитете се на огромниот број бутици и ресторани додека газите по шарените мозаици, ремек дела на старите уметници…

3. La Scala Опера

Една од најголемите оперски куќи во светот, La Scala е исто така и една од најелитните. Магичната La Scala е опера каде секојдневно гостуваат најголемите ѕвезди во класичната но и модерната музика. Влезниците за една опера можат да достигнат цена и над 20.000 евра…

4. Замокот Sforzesco

Еден од најубавите замоци во Италија, домот на владетелите на Ломбардија, фамилијата Сфорцеско. Зад високите ѕидини, се наоѓа комплекс од градби, сите меѓусебно поврзано со високи ходници и скриени ходници во самите ѕидини. Денес замокот е претворен во музеј каде што се наоѓаат огромен број на предмети од Ломбардија, воени колекции, музички инструменти и секако слики од најголемите уметници од ренесансата, Микеланџело и Да Винчи…

5. Паркот Sempione и Arco della Pace

Покрај масивните ѕидини на замокот, се наоѓа паркот Sempione, место каде што зеленилото ја поттикнува човековата фантазија, место каде што можете да прочитате книга додека гледате во градините и езерата, да уживате на убав пикник или да спортувате на еден од многуте спортски терени. Како што го напуштате паркот, ќе бидете воодушевени од огромната Arco della Pace, Триумфална капија изградена во барокот и посветена на последниот освојувач на Милано, Наполеон Бонапарта…

Доколку ова Ве привлече да го посетите овој магиче град, погледнете ја нашата тура за 11 октомври на овој ЛИНК