За сите оние кои се вљубени во патувањата имаме одлични предлози за полесно да ја испланирате вашата следна дестинација.

Ви ги претставуваме најубавите места во светот, а вие одлучете кое ќе го посетите.

1.Малдиви


Малдивите се група од вкупно 1190 острови, но само 200 од нив се населени, додека другите се премногу мали за живот. Еден од островите има форма на срце, па затоа Малдивите се одлична идеја за медениот месец на секоја двојка.

2.Салар Де Ујуни, Боливија


Салар Де Ујуни е најголемата површина со сол во светот, лоцирана кај Андите во Јужна Америка. Пејсажната глетка е фантастична, па луѓето мислат дека е природно огледало каде што имате чувство како да одите во воздух. Она што го одзема здивот е прекрасното зајдисонце кое се рефлектира и двојно ја осветлува оваа локација.

3.Памуккале, Турција


Памуккале во буквален превод значи замок од памук. Ова парче рај на земјата се наоѓа во Турција и се смета за една од најфотографираните дестинации во светот. Се работи за повеќе природни базени исполнети со термална вода во која се капеле луѓето илјадници години. Се верува дека Клеопатра била една од оние кои уживале во оваа природна убавина.

4.Метеори , Грција


Метеори исто така се вбројуваат во оваа листа. Доколку се одлучите да го посетите ова место, ќе ги посетите најважните манастири од историско значење кои се изградени од камен. Но, тоа не единственото нешто што ќе ви го одземе здивот. Грчките  манастири се воодушевувачки и самите по себе, со прекрасните фрески кои добиваат посебен сјај благодарение на светлината која доаѓа од прозорците.


5.Островот Палаван


Доколку се одлучите за спокоен душевен мир и сакате секојдневно да гледате песочни плажи со кристално сина боја, ви го препорачуваме островот Палаван. Тука можете да дојдете со авион или брод и максимално да уживате во животните кои ретко можете да ги сретнете на друго место. Не напразно е прогласуван за најубавиот остров неколку години по ред.