1. Завршувате работа во неколку минути.
  • Поминаа времињата не шетање од една до друга агенција барајќи соодветен аранжман. Денес, потребен ви е само интернет и се ви е на дофат. Ако веќе сте се одлучиле за понудата која најмногу ви одговара, едноставно само пополнувате контакт форма и ние ги добиваме сите потребни информации за резервација.
  1. Заштедувате време и пари.
  • Оваа точка е последователно поврзана со првата. Наместо да се возите до различни агенции или да направите 5-10 различни телефонски разговори, со исполнетата online пријава сте завршиле се. Ние ви се јавуваме вам и ги финализираме сите детали. Потпишувањето на договор се прави по електронски пат како и плаќањето. Комфорот е луксуз. – Искористете ја можноста да си организирате СЕ, удобно сместени на вашиот кауч.
  1. Оnline системот работи 24/7.
  • Една од најголемите предности на резервирањето преку веб етоа што можете тоа да го направите во време кога вам најмногу ви одговара. Дали е работен ден или не, дали е ден или ноќ, не е важно. Вашите податоци ќе бидат испратени во системот до одговорните агенти.
  1. Добивате попуст.
  • Искористете ја моменталната АКЦИЈА и резервирајте си место за летување на Крф. Дестинација за која сме вистински експерти и програма за создавање спомени.

Акцијата важи за термин  16.06.2018 – 23.06.2018. Секој добива 10% попуст!

 

БОНУС ТОЧКА:

Доколку сте од оние луѓе кои однапред знаат што сакаат и брзо се одлучувате. Или пак веќе сте патувале со нас и сте сигурни во квалитетот на понудата, за Вас имаме уште една олеснителна околност.

По примерот на оваа уплатница можете да уплатите 30% од сумата на целосниот аранжман со што ја потврдувате својата резервација. А уплатата ќе се појави во нашиот систем. Без дополнителни допишувања или телефонски повици.

 

🙂 HAPPY TRAVELS!