Иако септември многумина го поистоветуваат со крај на летната сезоната и одморите, за оние кои можат да ја избегнат реалноста и сѐ уште не го искористиле својот годишен одмор, месецот нуди неверојатни можности за патување со огромен број на предности! Доколку сѐ уште се двоумите да заминете на патување во септември, погледнете ги следните 3 причини зошто овој месец е најдобар за одмор.  


1. Одлични зделки и големи заштеди

                Септември го означува почетокот на учебната година и токму затоа, многумина не се во можност да одат на патување тогаш. Помалата побарувачка за аранжмани предизвикува намалување на цената на истите, трошоците за превоз и сместување се значително пониски, а неретко може да се сретнат и одлични попусти на дополнителните активности. Па така, луксузните дестинации за кои што сте сонувале да ги посетите, во овој месец се подостапни од било кога!

2. Избегнување на гужви

                За сите оние кои сакаат релаксиран одмор, без преполни плажи и огромни редови за чекање за посета на знаменитости или атракции, септември е идеалниот месец за тоа!

3. Времето е одлично

               
Иако во минатото септември важел за месец во кој температурите полека започнуваат да опаѓаат, последните неколку години ситуацијата е сосема сменета. Топлото  море, долгите песочни плажи и свежите ноќи идеални за прошетки, се одлична комбинација во овој месец.

Ако сето ова ви звучи примамливо погледнете ги нашите одлични понуди за септември!