Постојат многу позитивни причини зошто е добро да се патува. Патувањето на ново место е нова авантура, ново доживување, нови спомени, нови пријателства, запознавање и вкусување на нова традиција. Да се запознае светот значи да се ужива, да се научи, да се збогати. Богатството не е само материјално, многу повредно е духовното богатство, среќата и знаењето што го стекнуваме патувајќи.

Животот е еден, животот е богатство, затоа треба да го искористиме максимално. Треба да најдеме време за себе и да се релаксираме на места од нашите соништа, сами, со партнер, со семејство, со друштво. Новото место со нови спомени ќе биде како храна за нас. Храна која ќе не одржува во живот до нашата следна дестинација.

Токму затоа ви предлагаме неколку причини зошто вреди да се патува.

                         

1. Патувањето значи авантура;

2. Патувањето ти помага да научиш нов јазик;

3. Патувањето е едукација што неможеш да ја стекнеш  во школо. Стекнуваш знаење за нови држави во  економија,политика,историја,социологија и многу други области;

4. Патувањето е доказ дека соништата може да станат јаве;

5. Патувањето нуди нови приказни;

 

                                        

6. Патувањето ти овозможува да вкусиш нови традиционални јадења;

7. Патувањето те предизвикува;

8. Патувањето помага да се движиш еден чекор понапред;

9. Патувањето ти дава преспектива;

10. Патување развива вештини кои не си знаел дека ги имаш;

 

                                 

11. Патување содава значајни односи;

12. Патувањето ти ги отвара очите;

13. Патување ти овозможува релаксација;

14. Патување создава спомени, а тие се сеќавања кои го прават животот позначаен;

15. Патување ти создава цел.

 

На следниов линк погледнете ги нашите понуди за патувања http://bit.ly/2nB1L6C 

 

НАПИШАНО ОД НИКОЛА СТОЈАНОВСКИ УЧЕНИК ВО СРЕДНО УГОСТИТЕЛСКО УЧИЛИШТЕ “ЛАЗАР ТАНЕВ“