СЕМЕЈСТВО. ХРАНА. ПРИЈАТЕЛИ.

Италијаните навистина знаат што е важно во животот.

Храната, особено онаа во која се ужива со пријателите и семејството е момент што го прави животот сладок. Многу странци им завидуваат на навидум лесниот начин на кој Италијаните наоѓаат време да зготват вистински оброци, истовремено одржувајќи квалитетни врски со своите пријатели и примерот дека им се јавуваат на своите мајки редовно.

Оваа култура на уметност во живеењето и уживањето во секој момент до максимум е причина од која произлегуваат многу поговорки поврзани со храната, пријателството и семејството. Во овој текст ќе прочитате некои од овие мудрости и нивното културно значење.

4 Изреки за храната

Во земја како Италија, храната се појавува многу често во секојдневниот говор, дури и кога не се јаде. Италијаните имаат многу изреки за храната и ја користат како метафора за други аспекти од животот.

1. Non tutte le ciambelle riescono col buco.

Значење: Ова буквално значи , „Не излегуваат сите крофни со дупка“, но луѓето го користат за да искажат дека не секогаш работите се случуваат како што сме планирале.

2. Meglio aver poco che niente.

Значење: Подобро е да се има малку, отколку ништо .

До средината на 20от век, некои области во Италија се бореле со сиромаштија, што ги натерало да живеат благодарно за она што го имаат. А психолозите велат дека тоа е основата за среќен живот!

Во модерна Италија, многу луѓе сметаат дека е подобро да се има малку добри нешта, наспроти многу просечни нешта. Тоа лесно се забележува по начинот на кој ја избираат облеката, најдобрите чанти, уметност од храна, па дури и ако тоа значи дека можат да си дозволат многу мала количина  од тоа.

3. Bevici su – Il bar non porta i ricordi. Sono i ricordi che portano al bar.

Значење: Пиј! Барот не носи спомени. Спомените те носат во барот.

Баровите преставуваат социјална активност во Италија. Луѓето одат таму за брз појадок и еспресо, панино за ручек или аперативо навечер. За постарите Италијани, барот е место каде се зборува и раскажува за денот или животот. Но, за помладите, таму се создаваат и спомени.

4. Chi lavora mangia. Chi non lavora, mangia, beve e dorme.

Значење: Тој што работи, јаде. Тој што не работи, јаде, пие и спие.

Во Италија, на работата се гледа како на средство за да се спои крај со крај, а не како крајна цел. Рамнотежата помеѓу работењето и живеењето е многу важна.

 

4 Забавни изреки за пријателството

Италијаните имаат тесни и долги врски кои се вртат околу една група на пријатели. Пријателствата кај нив може да се формирани во детството и да траат цел живот. Додека овој систем на подршка е супер за нив, понекогаш може да биде тешко, за странците да се вклучат во овие групи.

5. A buon intenditor poche parole.

Значење: За добар слушател се потребни малку зборови.

Оваа земја е очигледно ектровертна. Кога се излегува со пријатели, се очекува многу зборување. Што значи и многу слушање. Каде и да одите, на луѓето им се допаѓа кога ќе запомните нешто за нив!

6. Dai nemici mi guardo io, dagli amici mi guardi Iddio!

Значење: Јас ќе се заштитам од непријателите, Бог нека ме заштити од пријателите.

Оваа изрека е стара и потекнува од Медичи, време кога пријателствата биле засновани на помалку внимание и повеќе на користа која ја имаат еден од друг. Во модерно време, изреката има позабавно значење во културата на младите и повеќе се однесува на тоа дека само Бог може да те спаси од пријателите и нивните шеги за време на посебни прослави, матури, момачки и момински вечери и сл.

7. Noi non potremo avere perfetta vita senza amici.

Значење: Не можеме да имаме совршен живот без пријатели!

Ова е познат цитат, од таткото на Италијанскиот јазик, Данте Алигиери. Во модерна Италија би било напишано,   Noi non possiamo avere una vita perfetta senza amici. Дури и во 13от век, пријателството било од централно значење во Италијанскиот живот.

8. A tavola non si invecchia.

Значење: На маса, не се старее.

Италијаните никогаш не јадат сами, затоа оваа фраза има значење дека ако сте на маса, сигурно сте опкружени со пријатели и семејство. Секако тоа ги вклучува и бабите и дедовците, уживајќи во добро здравје и среќа дури и на стари години.

Постарите генерации во Италија се почитувани членови на општеството. Не е невообичаено да видите група сениори како играат карти во баровите или група госпоѓи како озборуваат, зборувајќи си преку прозор.

4 Изреки за семејството

Семејството е сржта на Италијанскиот живот. Се се врти околу него.

За Италијаните, времето поминато гледајќи телевизија со своето семејство е една од наједноставните и најголемите радости. Вработувањето исто така обично се движи во домашен круг, особено ако бизнисот е занаетџиски. Како последица на тоа Италијанските деца имаат многу стабилни врски со своите родители.

9. Una buona mamma vale cento maestre.

Значење: Добра мајка е вредна 100 учители.

Помислете на се што сте научиле од своите мајки. Лекциите што ги добиваме од нив за животот се незаменливи и неможат да се научат од никој друг. Мајката е главата на Италијанското домаќинство. Таа и е најдобра другарка на својата ќерка. Исто така не се смета за лошо ако мажите се нарекувани мамини синови.

10. L’ affetto verso i genitori è fondamento di ogni virtù.

Значење: Да си ги сакаш родителите е еден од основните и најголеми квалитети.

Ова е изрека преформулирана од шестата заповед на Библијата „почитувај ги мајка си и татко си“. Италија е воглавно Католичка земја. Дефиницијата од што се содржи „традиционално семејство“ се заснова на традиционалните христијански вредности. Последователно, додека Италија признава цивилни заедници помеѓу геј парови, не ги признава нивните бракови.

11. Chi si volta, e chi si gira, sempre a casa va finire.

Значење: Без разлика каде и да одиш, каде и да се свртиш, секогаш се враќаш дома.

Во Италија не е невообичаено младите кои не се мажени или женети да живеат со своите родители. Семејството е извор на радост, затоа тие се трудат да останат заедно што подолго.

12. A ogni uccello il suo nido è bello.

Значење: Секоја птица мисли дека нејзиното гнездо е најубаво. Ова е еквивалент на „доме, сладок доме.“

Додека Италија има шик, динамичен и хипер модерен интериорен дизајн, сеуште се почитува мебелот во предание осносно наследство. Ваквите парчиња остануваат во семејниот дом или се предаваат од генерација на генерација. Како и се друго, нивните домови се секогаш беспрекорно уредени.

Постојат многу аспекти од Италијанската култура кои се за почит и восхит. Но, немора да сме Италијани ниту пак да живееме во Италија за да ги разбереме овие поговорки и да ги примениме во животот. Со малку екстра труд, можеме да уживаме во работите кои се земаат здраво за готово!

За посета на Италија и вистинско уживање во секој момент, можеме да помогнеме и ние. Кликнете тука и видете ја нашата есенска празнична понуда.