Си спиел ли некогаш навистина високо над земјата, на кран или во крошната на дрво? Не? А во подземна пештера? Подготвен ли си малку да го зачиниш вообичаеното хотелско престојување? Тогаш продолжи со читање. Ти ги претставуваме нај необичните места за преноќување на светот.

1. Впушти се во сонување во приземјениот авион во Шведска.

Следен пат, или пак кога ќе бидете во Стокхолм, избери го овој навистина кул хостел, сместен во стар џамбо џет. Сигурно ќе сонувате дека сте меѓу облаци. 🙂

2. Во Амстердам можете да преноќите на кран.

Каде на друго место, ако не во Амстердам, би се сетиле дека може да се спие на кран?! Сите, кои имате страв од висина, размислете два пати пед да си резервирате 🙂

3. Во Перу, можете да спиете меѓу дрвјата на дождовната шума.

Планирате Амазонска авантура? Ноќта можете да ја поминете во ќуќичка на дрво и да се препуштите во неговата крошна. Наместо аларм ќе ве разбудат разиграните мајмунчиња и кога ќе го отворите прозорецот од спалната, ќе ве пречека погледот на топско зеленило.

4. Дремнете си во подземниот град Coober Pedy

Во градот Coober Pedy на југот на Австралија е толку жешко, што неговите жители се преселиле под земја. Поубаво речено, цел град направиле во карпа под земја. Во подземните ровови можете да најдете продавници, ресторани, хотели и хостели.

5. Во Токио ве чека место во библиотека.

Наместете се удобно помеѓу полиците. Земете си книга во рака и препуштете се на приказните кои ќе ве одведат во мирно сонување. Секое ќоше на овој хостел- библиотека е толку фотогеничен, што со сигурност заслужува објава на Инстаграм 🙂

6. Назад во природата во Уругвај.

Оваа куќа е толку уметничка, а истовремено опколена со дива природа. Ако сакате да побегнете од полудениот свет и да се вратите кон основите на природата, оваа смирена и обична колиба е вистинската адреса.

7. Во Австралија можеш да преспиеш и зад решетки.

Си го замислуваш изразот на лицето на твојата мајка, кога ќе и кажеш дека ноќта си ја поминал во затвор? 🙂
Ако те интересира како е да се живее на ладно, каде мора да се однесуваш примерно и да не правиш проблеми, упати се кон овој интересен хостел, кој настанал од поранешен затвор.

8. Чувствувај се како крал во солена палата во Боливија.

Колку пати сте имале можност да спиете во Палата? Приуштете си одмор во оваа неверојатна палата направена од сол. Пред да си легнете, можете да се релаксирате со пливање во базенот со солена вода.

9. Во Шведска можете да уживате во сладок сон во леден хотел.

Без грижи, нема да замрзнете. 🙂 Спиењето во овој бајковит хотел ќе ве маѓепса и  барем за кратко ќе ве однесе на патување низ Нарниа.

10. Во Египет ве чека песочен хотел.

Не грижете се, иако овој мал град е направен од песок, нема да се сруши на првиот ветар.

11. Поминете ноќ во капсула во Хонг Конг.

Кинезите се познати по доброто користење на просторот со креативен дизајн. И овој хостел, каде што собата е обликувана во капсула е таков пример. Ако не сакате затворени простори, подобро избегнете ја оваа интересна опција.
Каде би се упатиле Вие? За каде и да имате желба, нашите агенти сигурно можат да ви помогнат да го најдете идеалното место. Посетете не во нашите простории на ул. Балканска бр.1 во Скопје или пак  јавете се на 071/451-633