Сите сме преморени од работа, секојдневни обврски по дома, работата ја носиме и дома, немаме време за себе и семејството. Презафатеноста, притисокот на работа и во општеството многу влијае на нашиот приватен живот, а не сме свесни за тоа.

Дали превземате нешто за да го смените ова?

 

 

Секогаш имаме други приоритети и на крај е нашето задоволство и релаксација, а со тоа и поминувањето време со семејството. Цел ден сте на работа, кога ќе се вратите дома повторно сте зафатени со домашните обврски, а децата растат и најчесто времето поминато со нив е сведено на минимум.

Зошто да не си дозволите неколку дена да се релаксирате на планина и да се дружите и забавувате со Вашето семејство?

 

 

Никогаш немате доволно пари, никогаш немате доволно време, никогаш не сте подготвени и само планирате да го направите тоа. До кога ќе планирате? Ако чекате да бидете подготвени, животот ќе помине и староста ќе дојде. Се може да се промени, ама времето неможе да се врати, затоа колку порано сме свесни и направиме промена толку подобро за нас.

Во животот мора да се направи баланс. Професор по филозофија извадил голема стаклена тегла во која што ставил тениски топчиња. Ги прашал студентите дали е полна, тие одговориле да. Потоа додал ситни камчиња во истата тегла и повторно прашал дали е полна, тие рекле да. Потоа извадил кутија со песок и ја додал во теглата и пак го поставил истото прашање кое имало потврден одговор. И на крај додал две шољи кафе во истата тегла и го поставил истото прашање, со што студентите биле збунети. Објаснувањето било следно.

Теглата е вашиот живот (сечиј живот). Тениските топчиња во теглата се големите работи во животот Среќата, Семејството, Љубовта………
Камчињата се помали работи како Роднините, Пријателите, Работата………. а Песокта се оние сосем ситни обврски и грижи кои ни се случуваат секојдневно. Па така ако си го исполниме животот со ,,песок,, ќе немаме место во него за вистински важните работи т.е. тениските топчиња.,,Кога завршил со излагањето една студентка го прашала професорот што трба да претставуваат шољите со кафе. Професорот се насмевнал и ѝ одговорил:
,,Мило ми е што прашавте колешке. Тие значат дека колку и да е исполнет вашиот живот, секогаш има место за по една шоља кафе со пријателите,,

Мислам дека со оваа приказна сите се запрашуваме дали треба да дозволиме помалку важни работи да ни го исполнат животот и да немаме место и време за најважните?!

 

 

Факт е дека денес сите се справуваме со проблемите како што се притисок, стрес, работа, обврски, презафатеност. Ако еден викенд со семејството ни ги оттргне овие проблеми и ни помогне за полесно справување со истите зошто да не си го дозволиме?!

Во нашите соседни места имаме убави скијачки терени, свеж воздух, спа центри, релаксација, зимата е на праг. Па не дозволувајте и оваа зима да останете дома. Има пакети и за пониски и за повисоки цени, по сечиј вкус. Еден викенд ќе Ве освежи, ќе дишете свеж воздух, ќе се одморите и ќе се вратите исполнети со енергија, здравје и среќа.

 

Доколку ни дозволите би сакале да ви ја направиме оваа зима Вашата семејна приказна поразлична.

Банско, Боровец, Пампорово, Копаоник, изборот е Ваш!