Агиофили – Лефкада

Листата започнува со помалку познатата плажа на Лефкада, Агиофили. Овде морето има прекрасна тиркизна вода. Оваа плажа е во нај живописниот дел на Лефкада и до неа може да се дојде со автомобил или со брод од Василики.

Миртос – Кефалонија

Плажата Миртос во Кефалонија, плени со својата убавина и можеме да кажеме дека е најубавата плажа не само во Грција туку и во Европа. Небесно плавата и бистра вода и белиот песок ја прават како сликовница. Овде не сте сигурни дали сте во реалноста или во сон.

Палеокастрица – Крф

Палеокастрица е бисер на островот Крф. Тиркизно море богато со животински свет, идеално за нуркање. Ова место има повеќе плажи, две се пристапни со автомобил, а останатите само со брод.

Навагио – Закинтос

Навагио е плажа што најчесто ја гледате по туристичките списанија, страници и реклами за летување на Закинтос. Морето и во живо изгледа исто како на слика, а со шверцерскиот брод кој што е закотвен на плажа ја прави уникатна и магична сликата.

Агиос Спиридон – Крф

Плажата Агиос Спиридон или Свети Спиридон на островот Крф е уште една од плажите со неодоливо бистра, чиста и титркизна вода. Овде можете да пливате заедно со прекрасните видови на риби, а може и со некој делфин.

Балос – Крит

Балос плажата на Крит е една од нај посетуваните и нај фотографираните плажи во Грција. Оваа плажа опколена од двете страни со тиркизно море е глетка што плени.

Сарти – Халкидики

Сарти е место на вториот крак, односно Ситонија. Оваа плажа е една од најблиските, со тиркизна и чиста вода и е идеално место за уживање на нашите туристи.

Порто Кацики – Лефкада

Порто Кацики многу често е на врвот на најубавите плажи во Европа. Јонско море со прекрасната тиркизна вода е мета на многу туристи. Но, оваа плажа е една од првите на листата на секој турист, но има и зошто. Белиот песок и камчиња му даваат неверојатна плава боја на морето.

Вутоми – Антипаксос

Вутоми плажата се наоѓа на Антипаксос, еден од најмалите јонски острови. Овој остров е ненаселен и овде песокот е како брашно. До оваа плажа може да стигнете со крстарење од Крф, Сивота или Парга.

Супер Парадајс – Миконос

Плажите на Миконос се сметаат за едни од најубавите плажи на Егејско море. А плажата Супер Парадајс што кажува и самото име е рај на земјата. Кристално чистата вода и златниот песок и го даваат овој епитет на рајска плажа.

Ова се само дел од местата на Јонско и Егејско море за кои странците даваат илјадници евра да може да ги видат, а ние ја имаме таа привилегија што сме близу па можеме да си дозволиме секоја година да уживаме на некоја од нив.

Дали одбравме фавотит?!

Погледнете ги нашите понуди за овие плажи на овој ЛИНК