Минхен луѓето го памтат по две работи – Фудбалски клуб Баер и Октоберфест. Меѓутоа во Минхен има дефинитивно уште многу места што вреди да се посетат, интересни места кои што не враќаат во минатото, ама и не водат далеку во иднината. Минхен е еден од 3те најбогати градови во Германија, град кој претставува средина на Баварија. Град кој е дом на BMW и светски најдобро оценето пиво. Ова нека биде вашиот водич низ Минхен, низ овие места ќе го видите и доживеете Минхен.

 

 

  1. Една од првите галерии во светот – Alte Pinakothek Barer Str.27

Оваа галерија е формирана во далечната 1836 год., овде ја имате националната колекција на “слободните Баварски држави“. Нејзин составен дел е и светски познатиот Доернер институт.

 

 

   2.  Морате да ја посетите Англиската градина во срцето на Минхен   Munich

78 километри стаза се наоѓа во паркот кој што се простира на 370 хектари. Овој минхенски парк е многу поголем и од Централ Парк во Њујорк. Тука можете да ја видите јапонската чајџилница, кинеската пагода, римските столбови…

 

 

 3. Сурфање на каналот     Prinzregentenstrasse 75

Ретко во кој град, но не и во Минхен, можете да пробате да сурфате. Еден дел од каналот кој се наоѓа во северниот дел на Англиската градина, изграден е така да прави идеални бранови за сурфање. Дури и во зима овде можете да сретнете луѓе кој феноменално се забавуваат.

 

 

 

   4.  Логорот  Дахау   Alte Romerstrasse

Дахау е првиот концентрационен логор, кој е  подигнат во Германија. Се наоѓа на 15км од Минхен. Отворен е 1933 год. и бил првиот логор во светот кој го основала една Влада. Воедно е и првиот логор со коj се сретнала американската војска  и често во западниот свет е користен како пример кога се зборува за бруталноста на Нацистите..

 

 

    5. Баерн     Werner-Heisenberg-Alle 25

Верувале или не, германската Бундеслига има најголема просечна посетеност во светот. Фудбалот во Германија е една од главните споредни работи, а гордоста на Баварија и цела Германија е фудбалскиот клуб од Минхен. Иако е тешко да се дојде до влезница, сепак може да се најде влезница кога Баерн Минхен игра со некој послаб противник. Цените се движат од 15 до 20 евра.

 

 

   6. Сите стилови на Минхенската резиденција   Residenzstrasse 1

Минхенската резиденција преку 400 години служи како седиште на многубројните војводи, кралеви и високите функционери на Баварија. Денеска е совршен пример на сите стилови, низ кои  овој град поминал. Од барокот, преку рококо епохата, па се до неокласицизмот.

 

 

7. Marienplatz  и часовникот-кукавица     Marienplatz 1

Marienplatz  е главниот плоштад во Минхен. На ова место се наоѓа и зградата на градското собрание која е изградена во нео-готски стил. На овој плоштад доминира и Glockenspiel, а станува збор за часовникот-кукавица кој се состои од 43 ѕвона и 32 фигури.

 

 

 8.Античкиот свет на дланка во музејот  Glyptothek   Konigsplatz 3

Во овој музеј се изложени само антички скулптури. Музејот е помалку посетен и нуди единствена прилика по интимно да го доживеете просторот и скулптурите додека шетата меѓу нив, повеќето се “расфрлани” по ходниците. Слична античка колекција, но од египетската уметност и култура можете да најдете во SMAEK.

 

 

 

9. Статуата на Баварија  ​ Theresienhohe 16

Сместена е во близина на полјаната, која секоја година е посетена од повеќе од 6 милиони посетители за време на Октобeрфест. За оваа статуа често се вели дека е германска верзија на њујоршкиот Кип на слободата. Изградена е на барање на кралот Лудвиг Први, како симбол на просперитетната Баварска Република.

 

 

  10. Поглед од милион долари од црквата Свети Петар   Rindermarkt 1

Во  непосредна близина на Marienplatz, се наоѓа црквата Свети Патар. Висината на главната кула од 56 метри овозможува несекојдневен поглед на градот. Позицијата и погледот се толку добри, што е можно дури да се видат и Алпите. Секако, погледот не е единствената причина поради која треба да се посети една од најпознатите знаменитости на Минхен.

Ова се само дел од причините зошто овој град плени со својата убавина и зошто треба да биде на вашата листа за 2019 година. А ние ви ја нудиме таа можност, погледнете ја нашата мини европска тура за Нова Година и меѓу другите градови посетете го и Минхен. Програма на овој ЛИНК