ГРУПНИ ПАТУВАЊА

Агенцијата поседува лиценца А и организира и реализира секаков тип на групни патувања. Во периодот од нашето постоење до денес успеавме организациски да ги понудиме сите потребни услуги, за бројните клиенти на домашниот и поширокиот туристички пазар.

Нашата цел секогаш да обезбедиме квалитет и комплетно доживување по најповолни цени е она што најмногу не разликува од останатите. Секогаш се стремиме во аранжманите да вклучиме што повеќе услуги, а да не постојат скриени трошоци!

За време на групните патувања секогаш е присутен организатор на патувањето и професионален пратител од агенцијата, достапен за своите гости 24/7.

Групни патувања на разни дестинации се организираат во текот на целата година, за време на викенди, празници, зимски одмор и летен одмор.

 

ВИДИ ПОНУДА

12472827_494012067457241_1301598310804684004_n

ИНДИВИДУАЛНИ ПАТУВАЊА

Користејќи го сопственото искуство како работното и личното, нашиот професионален тим е подготвен да одговори на вашите индивидуални барања во секое време.

При организација на приватни или деловни патувања, Т.А. СТАФ може да посредува и организира се од резервација на авионски билети, хотелско/апартманско сместување, трансфер, па се до реализација на патувањето што подразбира креирање на предлог програма осмислена според вашите специфични барања и секако планираниот буџет.

Особено сме посветени на индивидуалните барања од нашите клиенти и при организацијата секогаш се стремиме кон максимална заштеда и секако квалитетна понуда.

 

КОНТАКТИРАЈ АГЕНТ

12108129_810298592429850_4494430312884394335_n

 

MICE

Уживајте во свет на поинакво и персонализирано MICE решение. Нашите инсиративни искуства ќе придонесат свежина и оригиналност на вашиот настан.

Што означува кратенката MICE?

– Добро позната во Бизнис круговите, за оние кои што уште не ја сретнале, кратенката се однесува на:

  • M (Meetings)– деловни состаноци, деловни патувања, семинари, годишни собранија- организација на програми за истите со планирање на деловни активности и интересни активности за слободното време.
  • I (Incentive)– стимулативни патувања – тематски програми, со цел да се мотивираат вработените, партнерите, клиентите, дистрибутерите итн. како на пример TEAM BUILDING викенди или тренинзи и обуки.
  • C (Conferences)– организација или учество на домашни, локални, меѓународни и други конференции, конгреси, симпозиуми.
  • E (Exibitions)– настани за промоција на компании – саеми. Понекогаш е толкувано како организација на настани – events.

Како организатор на Вашиот настан/патување,  тимот на Т. А. СТАФ ја презема одговорната задача на организатор и координатор овозможувајќи ви комплетна услуга. Внимателно го планираме настанот на единствен и креативен начин, кој соодветствува со вашите желби, потреби и го отсликува вашиот бренд или институција. Стануваме ваш тивок партнер кога најмногу ви е потребно!

Услуги:
  • Презентација.
  • Истражување на одбраните дестинации и места за одржување на настанот.
  • Препораки при одбирањето на дестинацијата.
  • Дизајн на печатен и рекламен материјал.
  • Реклама на социјални мрежи и он-лајн медиуми.
  • Резервација на хотелско сместување и други конгресни простори.
  • Организација на превоз и трансфери.
  • Организација и координација на настанот.
  • Регистрација на посетители и општи информации.
  • Организација и креирање на програма.
  • Пред и пост конгресни излети.
  • 24-часовно присуство на наш координатор.
  • ПР понуда.

Зошто да ни ја подарите вашата доверба?

  • Нашиот тим го претставуваат млади и ентузијасти професионалци со повеќегодишно искуство во организација на активности од различни вид.
  • Нашиот пристап е индивидуален и личен кон секој клиент посебно.
  • Мотивацијата на нашите вработени ни овозможува да бидеме флексибилни и ефикасни во комуникацијата, како со клиентот така и со добавувачите.
  • Наша најпрепознатлива карактеристика е вниманието на деталите: нашето искуство и широка мрежа на контакти не обврзуваат да обезбедуваме единствено високо квалитетна услуга.
  • Ние умееме да реагираме брзо во непредвидените ситуации и да се соочиме со предизвиците.
ИСПРАТИ БАРАЊЕ

Business-Meeting-Plan

 

ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

Светот е само едно големо игралиште, велат нашите соработници од Сава Осигурување. Дефинитивно факт со кој се сложуваме 🙂 Со најновите светски достигнувања, може овој миг да си дома, а веќе следниот во Рим. Но како и секој следен момент така и во патувањето не знаеме што се не очекува.   Затоа најсигурен начин да бидеме секогаш подготвени е да се осигураме.

Клиентите на Т.А. СТАФ, најчесто го користат пакетот GOLD кој меѓудругото покрива до 30.000евра трошоци за лекување од незгода или болест. За подетални информации за целосното осигурување од ризик, информирајте се кај некој од нашите агенти.

Бидете безгрижни на секое патување!

НАРАЧАЈ ОСИГУРУВАЊЕ

callout-01

КУПИ КАРТИ ЗА СЕ

КУПИ КАРТИ ЗА СЕ е првиот и единствен систем за продажба на влезници за културни и спортски манифестациии во Македонија.

Т.А. СТАФ е официјално продажно место каде можете да си купите карта за сите настани во и надвор од Македонија.

Побарајте влезници за најголемите случувања, поблиску до вас!

КОНТАКТ

СЕКОГАШ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПАТУВАЊЕ

Налета на добра понуда, доби покана или едноставно сакаш да избегаш малку од се?!

  • НЕМА ПРОБЛЕМ!

Отсега куферот може да ти е секогаш подготвен. Со брзиот потрошувачки кредит патувај сега, плати потоа, на рати.

  • Потребна ти е само лична карта и трансакциска сметка во било која банка.
  • Дојди во STAFF и заедно ќе ја пополниме апликацијата.
  • Кредитот се одобрува веднаш и можеш да си го резервираш патувањето со 0% трошок!
  • Одберете понуда, јавете се на +389 71 451 633 и резервирајте.
ИЗБЕРИ ПОНУДА

Вашите водичи

 

 

Ана Марија Алексова

Биди лав наместо овца, победник наместо жртва и водач наместо следбеник.

Контакт
Елена Ангеловска

Секој момент пред друго човечко суштество е можност да ги покажеш своите највисоки вредности и најдоброто од себе.

Контакт

Соработници