• БЕРМУДА:

Луѓето од Бермуда го слават Велики петок со пуштање на домашно направени змејови на плажа. Традицијата почнала кога локален наставник од Британската Армија се соочил со потешкотии при објаснувањето на Христовото воскресение на небото, на неговиот училишен клас.

Тој направил змеј, традиционално обликуван како крст, за да го илустрира Воскресението. Традиционалните Бермудски змејови се направени од шарени марами со долги опашки, дрво и метал.

 

  • НОРВЕШКА:

Норвежаните имаат интересна традиција за сезоната позната како “Велигденски криминал” или Паскекрим. Во ова време од годината, многу луѓе низ целата земја читаат книги за мистерии или гледаат криминални теевизиски серии. Сликата подолу покажува норвешки мистериозни романи на екранот за време на празникот Велигден.

 

  • ЕВРОПА:

Во делови од северозападна Европа големи огнови, наречени Велигденски пожари, се палат на Велигден. Додека постојат различни објаснувања за потеклото на Велигденските огнови, најчестата саксонска приказна е дека Велигден е време кога пролетта ќе победи над зимата и огновит ја бркаат темнината на зимата. Денес, сепак, нивното значење е во тоа едноставно да се здружат заедниците.

 

  • ШВЕДСКА:

Главниот световен празник во лутеранската земја Шведска, Велигден се слави со оброци од јајца, харинга и искушението на Џејсон“(компир, кромид и кисела сардина печени во крем). Најинтересната традиција во Шведска е дека во деновите пред Велигденската недела, децата се облекуваат како Велигденски вештерки, облечени во стара и отфрлена облека.Патувајќи од куќа до куќа во нивните соседства, децата тргуваат со слики и цртежи за слатки.

  • ХАИТИ:

На Хаити, Светата недела е обележана со традиционални паради наречени“rara” , при кои се свири на бамбусови труби, маракани, тапани, дури и канти од кафе.Празникот е мешавина од католички и вуду традиции. Покажувајќи посветеност на духовите, прославата е одбележана со тапани, пеење и животински жртви.