Преплавен со катедрали, преубaви тераси и енормни историски споменици, во Париз, деновите лессно може да се поминат гледајки нагоре. Но трудот ќе ви се исплати ако се искачите на некоја од овие точки, каде можете да му се восхитувате од горе надолу.

МONTPARNASSE TOWER

Овој осамен облакодер, можеби изгледа како да не припаѓа во околината, но овозможува поглед на градот од 360степени, и глетката е незаменлива. До терасата на покривот се стигнува со лифт, за помалку од 1 минута, каде можете да земете длабок здив на свеж воздух и да уживате во погледот на градот на светлината. И секако да си направите неверојатни фотки.

Локација: 33 Avenue du Maine, Paris 75015, France

METRO LINE SIX

Можете со часови да се изнагледате луѓе кои патуваат со париското метро, додека истото минува низ темни тунели.. Но, Metro Line Six, нуди посветла и посликовита глетка над земја. Од железниците над улицата можете дa ги видите класичните париски згради и уникатните графити на нив. Ако погледнете надолу, погледот ќе ви го обземат живописните тесни улички преполни со кафулиња и како што се приближувате кон станицата Bir-Hakeim, веќе можете да го видитепрепознатливиот врв на една многу позната кула 😉

BIR- HAKEIM BRIDGE

Само кратка прошетка од метрото и стигнувате до мостот Bir-Hakeim, кој со својата челична конструкција на две нивоа е глетка сам за себе. Но ако застанете на него и се завртите кон исток, погледот ќе ве остави без здив, без разлика во кој дел од денот или кое време од годината. Ова е популарна точка за свадбените фотографи, земајки во предвид дека Ајфеловата кула е на една страна, а вештачкиот остров на реката Сена, Cygnes  на друга, и не е тешко да се види зошто.

Размислувавте токму за патување во Париз? Разгледајте каква програма имаме тука!