На источниот брег на островот Кефалонија се наоѓа пештерата Мелисани. Лоцирана е на околу 2 километри од градот Сами и 10 километри од главниот град Аргостоли.

Пештерата е долга 100 метри, а прекрасното езеро кое се наоѓа во неа опфаќа 1/3 од нејзината површина. Однадвор таа е опколена со бујна природа.

Водата во езерото  е мешавина од солена и блага вода. Пештерата се наоѓа на околу 500 метри оддалеченост од морето, а нивото на водата е за еден метар повисоко од морското ниво.

Откриена во 1951 година, пештерата е отворена за јавноста во 1963 година. Таа се формирала пред неколку илјадници години, а денеска има форма на буквата „В“ со два големи отвори исполнети со вода, помеѓу кои има островче. Едната дупка има голем елипсоиден отвор на површината, преку којшто продираат сончевите зраци, кои создаваат посебно чувство на надреалност. Вториот отвор е форма на лак и во него се кријат голем број сталактити и сталагмити.

Најдоброто време да ја посетите оваа пештера е во средината на еден сончев ден. До неа се стигнува со чамци кои ве водат на магично патување низ двата отвора.

Истражувајте со нас! Ако сакаш да дознаеш повеќе за Кефгалонија, ова лето кликни тука.