На почетокот на Мај, британски “SUN” ја објави веста за парот супер јахти кои биле забележани како отпловуваат од брегот на прекрасната Француска ривиера.

На прекрасната јахта едрилица ‘Sailing Yacht A’, вредна 360милиони, во Монако и се придружи 240милиони вредната моторна јахта ‘Motor Yacht A’.

Јахтата едрилиица е едно од најголемите и најнапредните пловила, од својот вид во светот. Повисока е од кулата на Биг Бен за 10стапки, а голема колку еден средно голем карго брод. Има 8 палуби, приватен хелихоптер, подводна обсервациска соба, простор за 4 автомобили, 54 луѓе екипаж, 20 гости и така натаму во недоглед се бројат карактеристиките кои воодушевуваат.

Билионерот Андреј Мелниченко е сопственик на овие луксузни пловила, управувани од тренирани морнари.

Минатата недела имавме прилика да ги видиме и ние. Беше неверојатна глетка и задоволство да се видат на новото пристаниште во градот Крф.