21 Декември денот кога и официјално ни започнува зимата и на Вашиот дневен ред повторно е прашањето – Што да облечам?!

Кога станува збор за Вашето зимско патување за да бидат паниката и главоболката уште поголеми. Овој пат прашањето – Што и како да спакувам?!

Но, смирете се. Ние сме тука за да го решиме Вашиот проблем. Во прилог прочитајте ги најбитните нешта кои треба да ги спакувате се со цел да имате уште едно безгрижно патување.

Започнуваме:

  1. ЈАКНА – Една водоотпорна јакна за скијање во комплет со водоотпорни пантолони. Доколку сте страсни љубители на зимските спортови или уживате во планинските снежни убавини.

 2. ОБУВКИ – Имајќи на ум дека снежната покривка може да Ве изненади со својата височина еден пар топли чизми кои не пропуштаат се задолжителни во вашиот куфер. Секако пар патики/чевли се исто така едно од нештата за кои ќе треба да најдете место во вашиот куфер.

 3. ДОПОЛНИТЕЛНА ГАРДЕРОБА – Ракавици, капа, шал секако водоотпорни, како и наочари за сонце се исто дел од оние нешта кои никако не треба да ги изоставите при Вашето пакување.

 4. ДОЛЕН ВЕШ И ЧОРАПИ – Задолжително два до три пара термо-чорапи и повеќе пара на обични чорапи. Долниот веш испланирајте го според деновите на Вашиот престој.

 5. СЕКОЈДНЕВНА ГАРДЕРОБА – Неколку маици, два пара тренерки, фармерки, еден пар пантолони, дебел џемпер и две три блузи е сосема доволно за Вашиот секојдневен изглед. Имајте на ум дека во зима често може да Ви се случи да се измокрите. Па затоа ќе Ви биде неопходна сува и топла гардероба.

 6. ПРИБОР ЗА ХИГИЕНА – Крема за лице со заштитен фактор како и крема за Вашите усни исто така со заштитен фактор е едно од нештата кои се must have во Вашата козметичка торбичка. Приборот за лична хигиена е секако задолжителен, додека пак лосион за чистење на лицето Ви го предлагаме како дополнителен избор. За време на Вашето зимување – заборавете на шминката, истата не Ви е потребна.

Се спакувавте?! 😀

Доколку сеуште не знаете каде да патувате ние имаме многу дестинации да Ви препорачаме, погледнете ја нашата лепеза на понуди на следниот ЛИНК