Рим

Синоним за романса, сето тоа е во името. Љубовта е нешто што резонира низ целиот град. Особено евидентно во ноќта, покажувајки ги романтичните нијанси. Како што е испреплетено како храна и љубов, Рим е место за индивидуални страсти и дали е тоа архитектура, јадење, историја или карактер што го сакате – сето тоа може да се пофали во богати приказни.

 

Рим се смета за еден од најубавите антички градови во светот. Содржи огромни количини од бесценети уметнички дела, палати, музеи, паркови, цркви, градини, базилики, храмови, вили, плоштади, театри и други места воопшто. Рим е еден од најважните туристички дестинации во светот. Сето тоа се должи на непроценливо бескрајно големо археолошко и уметничко богатство како и за шармот на својата единствена традиција, убавината на панорамските погледи и на големина на величествените вили и паркови. Меѓу повеќето значајни ресурси се и музеите. Рим е исто важен за музиката и има интезивна музичка сцена вклучувајќи и неколку престижни музички театри. Рим е еден од најголемите археолошки центри и еден од главните центри во светот на археолошките истражувања.

 

Колосеум

Веројатно еден од најпознатиот и иконичен споменик во Рим. Тоа е најголемиот амфитеатар во Рим и во светот и е една од најпосетуваните атракции во градот. Се смета за чудо на средновековниот свет. Во Колосеумот се одржувале гладијаторски борби и борби помеѓу животни, а собирал до 55.000 гледачи. Колосеумот бил врвен дострел во римската архитектура и градежништво. Покрај величествените димензии, тој бил лесно достапен преку системот од влезови и скалила, така што во случај на пожар можел да се испразни за само десет минути.

Пантеон

Уште едно римско богатство за патување е Пантеонот. Треба да бидете во Пантеонот на сончев ден за да ја цените нејзината целосна и небесна светлина. Окулусот, голема дупка на врвот на куполата, е нејзин единствен извор на осветлување и значи дека зградата е отворена за елементите речиси 2000 години. Кога сонцето ќе сјае интензивно, фокусираната светлина ќе излезе како блаженство, вртејќи ги очите кон небото. Дури и на бездневни денови, светлината се чувствува етерично.

Фонтна Ди Треви

Уште една туристичка атракција е Фонтана Ди Треви лоцирана во центарот на Рим, со нејзината убавина гарантирано е да ти го одземе здивот. Ди Треви е една од најпознатите фонтани во Рим и најверојатно во цел свет. Најпознато нешто за правење кога си кај фонтаната е да фрлиш монета и верувајки во тоа е дека ќе се вратиш во Рим некој ден.

Ватикан

Ватикан,  исто така туристички магнет благодарение на присуството на некои од најпопуларните атракции во Рим, вклучувајќи ја базиликата Свети Петар и Ватиканските музеи, домот на Сикстинската капела. Обично се нарекува градска држава и познат e и како Светиот град”. Ватикан е дом на околу 800 жители. Ниту еден од нив не е постојан. Населението на оваа мала област, која ја опкружува базиликата Свети Петар, е составена од свештеници, калуѓерки, чувари, високи функционери и, се разбира, папата кој од своја страна е на доживотна функција.

Една и од побитните цркви во Рим е црквата Св.Климент. Изградена во II век посветена на Папа Климент I. Во оваа црква се наоѓа и гробот на Св.Кирил, еден од создавачите на глаголицата. Откако починал Св.Кирил во Рим, Св.Методиј посакал да го врати телото во Македонија. Но папата не дозволил па така телото на Свети Кирил било погребано во оваа црква. До ден денес коските на Св.Кирил се наоѓаат во црквата и токму поради тоа е посетувана од голем број на туристи. Пред неговиот гроб редовно се одржуваат литургии на кои присуствуваат државните глави и политичри.

Kујната во Рим се развила низ вековите и периодите на социјални, културни и политички промени. Една од многуте причини зошто да патуваш во Италија е толку прекрасно е тоа што сите 20 региони нудат свои уникатни кулинарски задоволства. Има многу храни во Рим што не можете да најдете никаде на друго место во земјата. Римската кујна се одликува со свежи, сезонски и едноставно подготвени состојки. Тие вклучуваат: грашок, артичоци, гравчиња, школки, како и сирење и овошје.