Паметните телефони и апликациите се нашиот најдобар пријател. ако често патувате, знаете за што зборуваме.

во денешно време постои апликација за СЕ! Најдете авантура, запознајте нови луѓе, јадете како локалец.. се тоа со еден допир на екранот на вашиот мобилен.

  1. За Инспирација

Ако сте некој кој најчесто патува сам, знаете дека тоа значи повеќе логистика, затоа што едноставно никој друг тоа нема да го направи. Ако немате време за истражување и идеи, апликациите како авантуристичката Outbound или Peek Tours & Activities, ако имате Iphone, можат да бидат од голема корист. Можете да си составите итенерар кој одговара на вашиот профил, односно вашите интереси кои ќе ги внесете.

2. За да не изгледате изгубено 

Ако немате кој да ви го покаже местото, пробајте ја апликацијата за аудио тури на градовите како TripScout. Апликацијата може да ви испланира рута, со која ќе учите доддека шетате и нема да ви треба водич. Или пак пробајте ја Cool Cousin, апликација која ќе ве поврзе со локалци, кои ќе ви направат итенерар на популарни места за посета, дури може и да им пишете за идеја, ако заглавите некаде.

3. За запознавање луѓе

Meetup e осммислен за луѓе кои сакаат да разменуваат искуства, интереси, совети и да се придружат во такви групи. Или ако сакате да запознаете други соло патници, апликациите како Flip the Trip и Solo Traveller ќе ве поврзат со луѓе во близина со кои може да се најдете или барем да си размените идеи.

4. За традиционален и локален вкус..

Страниците како EatWith и Feastly се дел од брзо растечките нови компании како Airbnb, само за јадење, со можноста да уживате во специјален оброк. Поконкретно Домаќините во стотици градови ги отвораат своите кујни за патниците. Супер е за запознавање на луѓе и други патници, а некои дури нудат и часови по готвење, па можете да ги изненадите домашните со ново мени, штом се вратите.

5. За практичност

TripWhistle Global SOS е одлична апликација за секој случај, со прединсталирани броеви на итните служби за 196 земји. Преку неа можете да ја споделите вашата локација со нив, ако е потребно. Еднакво корисни се и Maps.me и CityMaps2go кои нудат offline карти.