Патување во зима?! – Сигурно честопати сте се запрашале кој би сакал да патува токму во ова годишно време. Ладно и врнежливо, а понекогаш и доволно за да го расипе Вашето расположение.

Но, сепак дозволете ни временските услови, како и лошото расположение да ги побиеме со следните седум факти во кои ќе Ви раскажеме зошто треба да патувате и во ова годишно време!

 

1.Патувањето во зима е поефтино (Мнооогу поефтино)

Европа е една од дестинациите кои секогаш ќе Ви раскаже нова приказна. Но, сепак додека за време на летото сонцето ги зголемува цените, за време на зимата снегот истите ги топи. Одберете ја Вашата дестинација, град, хотел. Истражете и направете споредба. Резултатите од вашето истражување со сигурност ќе предизвика насмевка на Вашето лице.

2. Редиците се пократки, а гужвата е непознат поим

Бевте во посета на Мона Лиза за време на Вашиот летен одмор, но редот беше премногу долг, а Вие бевте предалеку за да ја видите. Доколку уште еднаш Вашата дестинација е Париз, а Лувр е повторно на Вашиот список од must see нешта, Ви препорачуваме истиот да го посетите за време на Вашиот зимски одмор. Редиците пред најпосетуваните знаменитости и туристички атракции како “Parc Guell” во Барселона, “Van Gogh Museum“ во Амстердам или пак “Sistine Chapel“ во Ватикан, како и многу други во овој временски период скоро и да не постојат. Дозволете си уште една, но овој пат поинаква ’’блиска’’ средба со Мона Лиза.

3. “Затворени туристички атракции

Бегството од ладното време, непосакуваниот дожд и секогаш изненадувачкиот снег е сепак возможно. Најголемиот дел од сите туристички атракции во Европа се од затворен тип. Па така скоро и да не постои причина поради која не би можеле да посетите некои од многубројните катедрали, музеи и галерии за време на зимските месеци. И секако бонусот кој го добивате бесплатно – посета без редици.

4. Уживање во задоволството наречено – Зимски спортови

И секако за вистинските љубители на ова годишно време. Ски-ресортите во Европа се едни од најдобрите и најпопуларни. Покрај ужувањето во спортовите Ви нудат и секаков вид на дополнителна забава. Греано вино, снежни замоци, рекреативно скијање како и бордање се само дел од нештата кои со сигурност ќе направат да ја засакате снежната кралица наречена Зима.

5. Божиќни маркети и локална храна

Европа е домот на светски најубавите Божиќни маркети. Празничен дух исполнет со бесконечни магични светилки, фантастични сувенири и превкусна храна која со сигурност ќе ја затопли вашата душа. Уште една причина плус е што храната во поголемиот дел на Европските градови, е уште повкусна во зима. Топло греано старо вино, зачинето со пита од шумски плодови…звучи вкусно нели?!

6. Фантастична модна комбинација во зима?!

Секако дека да. Иако помислата дека неколкуте слоеви од гардероба на Вас ќе создадат лоша фотографија, сепак клучот за совршено чувство е одличниот избор на капут со Вашите омилени чизми. Комбинацијата на Вашето палто, со тренди шалче и шапка е далеку подобар избор од Вашата летна омилена гардероба, притоа додавајќи ја топлината од сонцето на истата.

7. Планирањето на Вашето патување – Лесно како песна

За разлика од летото, зимата Ви нуди многу поголеми поволности. За време на летниот временски период Вашите резервации секогаш мора да се неколку месеци однапред, а понекогаш истите може да завршат и со неуспех. Додека пак потрагата по идеалното сместување, како и букирање за време на зимските месеци може да ја завршите и со таканаречените last-minute понуди.

Сеуште се двоумите?! – Доколку вашата одлука посакувате да биде донесена веднаш Ве очекуваме да ја погледнете целосната понуда на овој ЛИНК.