Кефалонија е една од најпопуларните летни дестинации во Грција. Со своите идилични плажи, природни атракции и културно наследство, секоја година привлекува голем број на туристи. Но не смее да се заборави и дека добрата храна е императив за добриот помин.

Ќе се сложите дека и најубавиот поглед на плажа не може да се спореди со чувството на глад.

Затоа ви претставуваме листа на пристапни ресторани, за сечиј џеб, кои истовремено се и надалеку познати по добрата храна.

#1 Katelios Grill House (Katelios)

Ова е првото место кое ќе го видите штом влезете во местото Кателиос. Храната е одлична, а изборот голем. Гаранција за квалитетот се самите гости, што може да се заклучи по постојано полните маси. Многу луѓе кажуваат дека откако ќе ги пробаат сите ресторани во Кателиос, повторно се враќаат овде. Не дозволувајте големината на ресторанот да ве залаже, храната е се само не просечна. Сопствениците се многу љубезни и дружељубиви додека муабетат со гостите. Порциите се обилни, а цените пристапни. На пример: Порција Гирос се добива за 2.5€

Вид на храна: Медитеранска, месо на жар.

Локација: Kato Katelios/ Katelios 28082 Kefalonija

#2 Ladokolla (Argostolion)

Тајно место кое се наоѓа веднаш зад детскиот парк. Обично е полно со локалци кои уживаат во добрата храна и весела атмосфера, создадена од насликаните ѕидови и шарени столици. Храната е традиционална и едноставна- суфлаки, гирос, каламакис. Едно од ретките места каде туристите се сретнуваат со локалците. Персоналот е љубезен, порциите обилни, а цените пристапни. Затоа и не е чудно што местото знае да биде толку полно понекогаш што мора да почекате надвор, но дефинитивно ќе ви се исплати. Само не се изненадувајте кога храната ќе пристигне без чинија.

Вид на храна: фаст-фуд, медитеранска, скара, грчка.

Локација: Davi street 13, Argostolion 28100 kefalonija

#3 Alexandros (Divarata)

При посета на најубавата плажа на Кефалонија, Миртос, која се вбројува меѓу најубавите во цела Грција, ќе го најдете местото Диварата. По сите активности на плажа, упатете се кон ресторанот Александрос да си ги наполните батериите и да се освежите. Атмосферата која ова место ја пружи е навистина поинаква. Ако патувате со ограничен буџет, а сакате вистински да ја искусите грчката кујна, овој ресторан мора да го посетите. Вистинска медитеранска храна, морски плодови и грчки специјалитети по пристапни цени. Градината која ќе ве релаксира со прекрасен поглед на плажа заедно со вечерата се искуство вредни за паметење.

Вид на храна: медитеранска, грчка.

Локација: Divarata 28081, Kefalonija

#4 Sesto Koroni Hill Bar

Овој ресторан е едно од нај сликовитите места на цела Кефалонија. До него се стигнува по неасфалтиран пат, но дефинитивно вреди да се посети. Сопствениците карактеристично услужливи и љубезни со што придонесуваат во автентичноста на ова место кое се наоѓа близу плажата Корони да биде посебна. Иако не се наоѓа на сама плажа, туку на ритче над неа, ќе се чувствувате толку близу како да сте дел од водата. Делува како елегантен ноќен клуб кој едноставно пуштил корени на место на див пејзаж. Ресторанот остава впечаток како отсекогаш да бил тука, додека природата сепак доминира, тој е внимателно сместен во околината. Начинот на услуга е нетипичен. Кога нарачката е готова сами си ја земате.

Вид на храна: медитеранска, грчка.

Локација: Koroni beach, 28086, Kefalonija

Ако ја изберете за ваша летна дестинација, кога ќе бидете таму и желудникот ќе почне да се буни, знаете каде да отидете, правец во најблискиот ресторан од листата и на здравје! До тогаш прочитајте ја нашата програма за ова лето на Кефалонија на овој ЛИНК