Секој го чека најпосебниот ден од годината. Новогодишната ноќ е највозбудливиот настан кој сите ги соединува. Вечер со многу бои, бучава, светла и луѓе насекаде. За време на оваа вечер, луѓето сакаат да отпатуваат некаде надвор од својата земја. Особено младите кои секогаш се подготвени да уживаат во овој ден на непознато место со своите пријатели. Затоа искористете го овој ден за истражување на нови места и отпатувајте.

Покрај античките градови во Европа, Софија е одлично место за прославување на Божиќ и Нова Година. Софија е главен и најголем град на Бугарија. Градот се наоѓа во подножјето на планината Витоша во западниот дел на земјата. Овој град има многу работи што ќе Ве привлечат и ќе Ве натераат да дојдете повторно за некој од следните празници.

За време на Новогодишната ноќ централната област на градот се претвора во пешачка патека. Неколку улици што го опфаќаат плоштадот се затворени за возилата за време на свеченостите. Јавниот превоз во Софија е достапен за време на новогодишната вечер и е бесплатен се до 03:00 часот изутрина.

Првиот настан што не треба да го пропуштите во Софија е Новогодишниот концерт на плоштадот Батенберг.

Овој град обично започнува рано со своите подготовки, создавајќи го сценариото кое секогаш го привлекува блескавата ѕвезда. Исполнето небо што делува како совршена позадина на сите градски настани, сјаејќи врз многу познати личности додека го забавуваат народот. Во Софија се дочекува Новата Година со многу забава, која варира од рап бендови до традициоална фолклорна музика. Токму на полноќ се пушта спектакуларниот огномет кој што ќе го означи започнувањето на Новата Година.

Друго интересно место за добреојде на Новогодишната ноќ е плоштадот Књез Александар I

Тука започнува забавата неколку часа пред полноќ и трае се до раните утрински часови. Изведувачи ќе бидат познати бугарски поп-пејачи, разни бендови со настап во живо како и изведувачи на народна музика.

Софија е едно од најдобрите места во Европа за време на Новогодишната вечер. Ноќните клубови се отворени до раните утрински часови, алкохолот е ефтин, а сите се чини дека сакаат да се забавуваат. Има многу ноќни клубови кои можете да ги одберете за Новогодишната ноќ во Софија, вклучувајќи рок барови, пијано барови, “old school” бендови и слично. Овде ќе сретнете и многу диџеи од целиот свет, кои пуштаат техно или хаус стил на музика, како и мешавина на традицијата на балкански народни музички стилови. Модерни ноќни клубови со огромна толпа на луѓе кои се сите позитивни и пријателски расположени.

Познати ноќни клубови кои вреди да ги посетите: Tekila Club, Night Flight, Chervilo, Yalta Club, Play House и многу други.

Доколку сакате и вие да бидете дел од дочекот на Најлудата ноќ во годината во Софија, погледнете ја нашата програма за Нова Година 2018 токму во Софија  тука