Будва е еден од дијамантите на Црна Гора. Нејзината топла клима, прекрасни плажи и извонреден стар град привлекува многу туристи од источна Европа секоја година и еве зашто?!

Стариот град на Будва

Најпрво нешто што треба да посетите е стариот град на Будва. Нејзиниот утврден стар град ќе ве остави без здив со многу кафулиња и ресторани каде што може да се релаксирате и да гледате во убавината на Будва. Патувајте кон најстарата тврдина Цитадела и истражувајте ја нејзината историја, нејзините ѕидови и бедеми со поглед на лазурниот Јадран. Потоа можете да ги посетите и православната црква Света Тројца и католичката црква на Свети Јован. Исто така можете и да се прошетате по градските ѕидини, но влезот на Цитаделата е понекогаш заклучен.

Вкусете еден од најдобрите пијалаци во Будва од “The Juice Bar” или пак од вкусните палачинки на “Hole in the wall” пекара на истата улица кон Цитаделата.

Смарагдот на Будва

Ако сите истражувања почнуваат да се чувствуваат како напорна работа, посетете го смарагдот на цела Будва, плажата Рикардова Глава, веднаш по градските ѕидини. Пред да скокнете во кристалната вода земете си по еден коктел од барот на плажа и уживајте во погледот на морето. Ако и тоа не ви е доста, можете да продолжите по пристаништето и можете да преминете на плажата Могрен каде што има повеќе простор и поубав песок. Ако се чуствувате авантуристички можете да одите по карпите и од нив да скокате.

Островот Св.Стефан

Островот Св.Стефан е едно од најпосетуваните места во цела Црна Гора и не е тешко да се види, зашто? Самиот остров е составен од споени куќи кои што датираат од 15 век со теракотни покриви изгледајќи како нешто излезено од бајка. Најчестиот посетител на овој остров од елитата е Софија Лорен, која е маѓепсана од неговата убавина, па дури посакала да си изгради вила на некоја блиска напуштена карпа. Овој остров е познат како град – хотел и е најлуксузното летувалиште на Балканот.

 

Забавувајте се на “Sea dance” музички фестивал

Секоја година, илјадници туристи доваѓаат на плажата Јаз, неколку километри од Будва, за Sea dance, музички фестивал на кој настапуваат големи музички ѕвезди. Има премногу разни видови на музики вклучувајки техно,транс, рап. рок и слично. Овој фестивал е дел од Exit и како поминуваат годините се поголема посетеност има. Ова е идеално за секој млад човек кој сака да ужива на море, да се журка и да запознае нови луѓе.

Будва е идеална за секој временски период, па доколку сеуштеја немате посетено ние ве носиме за 1ви мај.

Погледнете повеќе на овој ЛИНК