Наводно, ако ги бакнете најблиските на полноќ, штом настапи Новата Година, ќе ги зајакнете и подобрите врските со нив во текот на целата година што доаѓа.

Од каде потекнува традицијата на бакнување за Нова Година?

Историчарите велат дека ова го практикувале дури Античките Римјани, кои приредувале голема забава секоја Новогодишна вечер, која се нарекувала Фестивал на Сатурналиа и ја користеле таа прилика да се бакнуваат еден со друг колку што е можно, повеќе. 🙂

Подоцна, Англичаните и Германците, ја прославувале Новата Година со бакнување на личноста која ќе ја сретнат пред нив во моментот кога часовникот ќе отчука полноќ.

Европејците исто така традиционално одржуваат бал под маски веќе стотици години наназад. Во оваа традиција маските ги симболизираат злобните духови од старата година и бакнежот по симнување на маската, представува чин на прочистување на духот.

Постои и суеверен елемент кон оваа традиција, а тоа е дека наводно новогодишниот бакнеж ги продолжува и подобрува врските со најсаканите, во годината што доаѓа.

Но суеверие и традиција настрана, не го трошете залудно вашиот Новогодишен бакнеж. Тоа е едно од најголемите задоволства, кое не се случува секој ден. Оваа година, искористете го како изговор и добијте го од личноста што ја сакате или што ви се допаѓа веќе долго време! Земете длабок здив, фрлете малку конфети во воздухот и започнете ја 2019 храбро и насмеано! 🙂

 

Сакате уште интересни вести? – Кликнете тука

Немате идеја КАДЕ ЗА НОВА ГОДИНА? – Кликнете тука и видете ги сите ТОП дестинации