Златибор е планински регион во Србија кој што се протега на површина од 1000км2, со највисокиот врв Торник на 1496м надморска висина. Ова туристичко место се наоѓа во срцето на Србија, а Златиборците се познати по својата мудрост и снаодливост, но и по својата гостопримливост.

 

Златибор е планина која никого не остава рамнодушен, ама баш никого. Златибор мора да се доживее, за да потоа се прераскажува. Лоциран е на околу 500 километри северно од Скопје. Се наоѓа во срцето на Србија. Златибор е романтичен во зима, но оваа питома планина е прекрасна и во лето. До Златибор се патува по вообичаена маршрута. Автопатска делница до Ниш, а од Ниш преку магистрален пат мора да поминете низ Крушевац, Краљево, Чачак, Ужице за да конечно стигнете до Златибор. Патот е убав и лесен за возење. Се стигнува (со автомобил) за околу 5-6 часа, зависно од тоа колку паузи ќе направивте по пат. Како се приближувате до оваа планина, така ве обзема чувство на среќа, радост, топлина, уживање. Златибор ве пречекува со целиот свој раскошен потенцијал.

 

Златибор има 120 годишна туристичка традиција. На оваа планина во 1939 год биле регистрирани вкупно 1966 туристи. Сега ова туристичко место може да се пофали со над 250.000 туристи годишно или над 1.200.000 ноќевања. Хотелите, апартманите, одмаралиштата и останатите сместувачки капацитети располагаат со над 25.000 легла.

Сите овие туристи уживаат во убавините на Златибор, а ги има доста. Прекрасна борова шума која ве плени, воздух кој ви дава мир и спокој и езеро покрај кое има шеталиште. Овде треба само да се опуштите и да уживате во оклолината, но и во превкусната кујна.

Овде имате прекрасен народ, многу кафичи и дискотеки за љубителите на ноќниот живот, но и прекрасна можност за скијачите,посебно за почетниците бидејќи стазите не се воопшто стрмни и е идеално место да научите да скијате. Освен што ќе се забавувате навечер, ќе санкате или скијате имате можност и да јавате коњ или да се возите со коњски кочии на скии. Цената за една тура, обиколка околу Златибор 30мин, изнесува околу 10евра.

 

Вкусот на златиборските специјалитети како што е пиперка во кајмак, проја, кајмак и пршута, печени компири, пастрмка од најблискиот рибник, секакви видови на ракии, како и специјалитетите од мед, но и миксот на скара ве примамува од сите страни.  Посебен шмек на златиборската софра даваат и греаното вино или ракија, зависи кој за што ќе се одлучи. Ова е една од главните причини зошто треба да го посетите Златибор. Цените на храната и пијалоците се идентични како и во Скопје. Еден ручек за едно четиричлено семејство, во чие мени би влегле скара, туршија, греано вино и ракија, кајмак и секако леб би ве чинеле од 35 до 40 евра.  

 

Нашето искуство во Златибор беше незаборавно, топло ви ја препорачуваме оваа дестинација за Дочек на Нова Година. Доколку сте за, погледнете ја понудата на следниот ЛИНК.